Судот одобри куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во „Шутка"

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска донесе одлука со која мерката притвор за поранешниот министер Миле Јанакиески се преиначува во мерка  куќен притвор.

Поранешниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски останува во притвор во затворот „Шутка."

Постапувајќи по жалби на одбраната на М.Ј. и С.Р. изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кои решенија им се определи мерка притвор во траење од 30 дена, Кривичниот совет денеска одржа јавна седница во присуство на странките.

-По произнесување на странките, како и ценење на фактите и доказите приложени во жалбите и решенијата на судија на претходна постапка, Советот донесе решенија со кои жалбата на обвинетиот М.Ј. се уважува, а решението на судија на претходна постапка се преиначува со тоа што спрема обвинетиот се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена. Поради постоење на причините од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП се забранува на обвинетиот комуникација со лицата опфатени во кривично правниот настан без дозвола од судот. Жалбата на обвинетиот С.Р. се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка, соопшти Основниот суд – Скопје 1.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, како и поранешните министри Јанакиески и Ристовски во средата беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април. Вељаноски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на Јанакиески и Ристовски им беше одреден 30-дневен притвор.

Шкода го обнови Kodiaq и објави важна вест (ФОТО)

Љубителите на дизел автомобилите  изгубија уште една икона.

Пет години по неговото лансирање, најголемиот теренец на Шкода го доживува своето прво значајно дотерување. Освежувањето на дизајнот е придружено со технолошка поддршка, сето тоа во согласност со поновите модели на компанијата, а има и други важни новости.

Имено, горниот дел е сепак верзија на РС, но без моторот ТДИ. Моќниот дизел замина во пензија и ќе биде заменет со 2.0 TSI со 245 КС. Околу 6 секунди му требаат за спринт до 100 км на час и максимум 250 км на час.

Покрај браниците за шминка, натписот на марката на централниот дел од капакот на багажникот и некои други новини, обновениот Kodiaq ќе се препознае и по LED светлата Матрикс. Дигиталниот кокпит со дијагонала од 10,25 инчи е проследен со централна инфо-забава со дијагонала на екранот од 8, односно 9,2 инчи. Седиштата се вентилирани, со функција за греење и масажа.

Покрај гореспоменатата верзија RS, Škoda нуди верзии со бензински мотор од 1,5 TSI од 150 КС и 2,0 TSI со 190 КС. Во понуда остана и 2.0 TDI со 150 и 200 КС. AWD и седумстепен менувач DSG остануваат како опции.

Првите испораки се очекуваат во текот на летото со малку зголемени цени.

Вучиќ ја назначи Невена Јовановиќ за нов амбасадор на Србија во Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска издаде указ за назначување на Невена Јовановиќ на позицијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Србија во Македонија, објави белградскиот бизнис портал еКапија.

Јовановиќ на оваа позиција доаѓа од позицијата Заменик-помошник министер за билатерална соработка во Министерството за надворешни работи на Србија.

На досегашната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Србија во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ, минатата година и заврши мандатот во нашата држава.

Чешка ги сака вакцините АстраЗенека, што Данска ги укина

По одлуката на Данска целосно да ја прекине употребата на вакцината АстраЗенека, Чешка изрази желба да го преземе вишокот вакцини.

„Подготвени сме да ја купиме вакцината АстраЗенека од Данска“, твитна министерот за внатрешни работи на Чешка, Јан Хамачек.

Вакцината „АстраЗенека“ беше на удар последните неколку недели, бидејќи расте загриженоста дека нејзината употреба може да предизвика смртоносни тромбови. Неколку земји ја ограничија употребата на вакцината, но Данска направи чекор понапред и засега целосно ја прекина нејзината употреба.

Но, понудата на Чешка покажува дека некои земји сепак сакаат да го вакцинираат населението со оваа вакцина. Засега не е јасно дали ваквата продажба меѓу двете земји е дозволена според правилата на ЕУ. Данска не ја исклучила можноста за повторна употреба на оваа вакцина.

Чешката влада е критикувана за бавниот договор за вакцинација. Досега се целосно вакцинирани 768.250 од 10,7 милиони Чеси.

притисни ентер