„Ги преминуваме последните метри до победата над пандемијата“, рече денеска Курц во Виена, додавајќи дека некои провинции наскоро ќе завршат со вакцинирање на лицата над 65 години.
Досега 1,6 милиони жители ја примиле првата доза на вакцината, според владините податоци.Околу 5 милиони луѓе од вкупно 7,5 милиони постари од 16 години изразиле желба да бидат вакцинирани.
Стапката на инциденца за седум дена, бројот на новоинфицирани на 100.000 жители на Австрија во текот на неделата е околу 210.
Курц рече дека сегашната состојба со новите инфекции е стабилна. Треба да се преземат чекори за отворање на земјата најдоцна до мај, рече тој, додавајќи дека ќе се отворат рестораните и ќе се овозможат спортски и културни настани.
Виена и Долна Австрија се во карантин од 1 април, веројатно до 2 мај, поради притисокот врз болниците. Бургенланд, на границата со Унгарија, планира да ги отвори продавниците и услугите следната недела. Во другите шест провинции, продавниците се отворени од 8 февруари.