Како функционира системот во „Шутка“?

Една стара поговорка вели – какви се затворите таква е државата.

Ако се суди според тоа што се случуваше вчера во истражниот затвор Шутка, па и реакциите потоа, состојбата во земјава е далеку од задоволителна.

Синоќешниот инцидент дефинитивни отвори неколку прашања, а одговорот треба да го даде истрагата. Првото е како можно за само еден час да се случат две тепачки? Зошто воопшто е дозволено да дојде до напад на врз луѓе кои се притворени. По дефиниција притворот служи да се обезбеди некое лице, односно да не избега, да не влијае врз сведоци, но и да не му се случи нешто. Додека е во притвор за неговата безбедност е одговорна државата и тоа е законска обврска.

Геровски смета дека овој случај има и длабоки политички импликации, бидејќи со ова аргументите на поранешниот премиер Груевски да побара азил во Унгарија, велејќи дека не е безбеден во македонските затвори добива не тежина.

Вчерашниот инцидент покажа дека лицата кој се во истражниот затвор слободно користат мобилни телефони и интернет, нешто што е најстрого забрането. Објавата на фејбук на командант Малишева, во која тој ја глорифицира тепачката и најавува нови, покажува дека овие лица не само што ги кршат строгите затворски правила, туку тоа и не го ни кријат, по што се добива впечаток дека за нив правилата не важат.

Диневски објаснува дека и покрај тоа што во затворите има блокатори, сепакпритворените лица успеваат лесно да прошверцуваат телефони и да го користат. Како и да е според многумина ова е добра можност, затворите и казнената политика во земјава да се подобрат и рефомираат, со цел вакви случаеви да не се повторуваат, а лицата кои издржуваат казна, тоа да го прават во достоинствени услови, како во сите нормални европски земји.

Стоилковски: Снемува вакцини, Заев и Филипче се неспособни да обезбедат нови

Снемува вакцини, а Заев и Филипче се уште се неспособни да набават нови за да продолжи имунизацијата во Македонија, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од досега пристигнатите, Заев и Филипче набавија само 3.000 вакцини. Да не беа донациите немаше ниту лекарите и другиот медицински персонал да се вакциниран. Да не беа донациите, и тие ќе требаа да патуваат да се вакцинираат во Србија, или каде и да им отвореа врата, да се смилуваат врз народот оставен на цедило од Заев и од Филипче. Ете тоа е горката вистина, снемува вакцини, Заев и Филипче се неспособни да обезбедат нови, да не беа донациите, и докторите ќе требаше да патуваат да се вакцинираат во Србија!

Не смее да се заборави колку лаги беа кажани за набавка на вакцините, колку лажни изјави беа споделувани дека има договори за вакцини. А, всушност се било лага, се било трка по провизии.

Вакцинацијата во Македонија задоцни цели четири месеци. А, тоа чини животи. Од први јануари до сега има починато над 1.700 луѓе. Над 1.700 жртви поврзани со корона епидемијата и ненавременото справување со неа. Па колкумина од нив можеби ќе беа спасени ако не се мислело на провизии и не смислувале нови лаги за договори за вакцини? И секој нов загубен живот од вирусот оди на совеста на Заев и на Филипче. Да набавеа вакцини, кога тоа го правеа и земјите од регионот, бројот на починати сигурно немаше да биде толку голем.

И денес, четири месеци и 14 дена подоцна Македонија се уште каска зад регионот и зад светот. Полицискиот час кој што е на сила, и најавите за негово продолжување, немаше да бидат потребни, ако се набавеа вакцини на време.

Лакомоста и пред се неспособноста да се набават вакцини на време, донесе урнисана економија, втора година по ред, илјадници уништени животи, загубени членови на семејства, загубени работни места, загуби и трошоци за лекување, цели две години загуби за Македонија. Не постои толкав буџет што може да ги санира овие загуби.

Нема толкав пи-ар тим што може да биде платен од буџетот за ја покрие оваа нечовечност и лакомост во власта. Останува горката вистина дека Заев и на Филипче среде пандемија бркаа провизии! Нема веќе простор за Заев и за Филипче за манипулација со граѓаните. Нема веќе верба дека Заев и Филипче можат да сторат нешто повеќе. После се, за Заев и за Филипче нема ништо друго освен - одговорност!

Белата куќа: Џил Бајден добро го поднесе медицинскиот зафат

Белата куќа објави дека првата дама Џил Бајден „добро ја поднела медицинската постапка“, за која не се објавени детални информации.

Претседателот Џо Бајден (78) бил денеска наутро со својата 69-годишна сопруга во посета на медицинска установа во Вашингтон.

И двајцата се вратиле во Белата куќа во текот на утрото.

„Првата дама добро ја издржа медицинската постапка и се врати во Белата куќа за да ја продолжи својата нормална програма“, рече нејзината директорка за комуникации, Елизабет Александар.

Белата куќа објави доцна синоќа дека Џил Бајден има закажано термин „за вообичаена медицинска постапка“.

Причините за одење на лекар и деталите не се соопштени.

Џил и Џо Бајден се во брак од 1977 година, а првата дама, која има докторат по науки во образованието, предава на универзитет близу Вашингтон.

Курц: Секој трет Австриец може неделава да ја добие првата доза на вакцината

Секој трет Австриец кој сака да се вакцинира против коронавирус треба да ја прими првата доза до крајот на неделава, изјави канцеларот Себастијан Курц.

„Ги преминуваме последните метри до победата над пандемијата“, рече денеска Курц во Виена, додавајќи дека некои провинции наскоро ќе завршат со вакцинирање на лицата над 65 години.

Досега 1,6 милиони жители ја примиле првата доза на вакцината, според владините податоци.Околу 5 милиони луѓе од вкупно 7,5 милиони постари од 16 години изразиле желба да бидат вакцинирани.

Стапката на инциденца за седум дена, бројот на новоинфицирани на 100.000 жители на Австрија во текот на неделата е околу 210.

Курц рече дека сегашната состојба со новите инфекции е стабилна. Треба да се преземат чекори за отворање на земјата најдоцна до мај, рече тој, додавајќи дека ќе се отворат рестораните и ќе се овозможат спортски и културни настани.

Виена и Долна Австрија се во карантин од 1 април, веројатно до 2 мај, поради притисокот врз болниците. Бургенланд, на границата со Унгарија, планира да ги отвори продавниците и услугите следната недела. Во другите шест провинции, продавниците се отворени од 8 февруари.

притисни ентер