Нинџа: Прифаќам одговорност, ако утврдите дека ја имам

Александар Василевски-Нинџа во завршните зборови на судењето за настаните во Собранието на 27 април 2017 неколку часа во Кривичниот суд го анализираше обвинението против него и телефонските повици од тој ден. 

,,Стојам исправен пред вас и прифаќам одговорност ако утврдите дека ја имам. Овде сум за да се утврди вистината. Бегав поради здравјето на мојата ќерка, која ја чекав повеќе од девет години. Потоа сам се пријавив во полиција, рече Василевски во завршниот збор пред Судот.

Тој зборуваше за тоа како поранешниот началаник во УБК Горан Грујевски, неговиот заменик Никола Бошковски, и тогашниот директор Владимир Атанасовски со свои оперативци, во и надвор од Собранието на 27 април ги собирале и уништувале доказите.

Претходно обвинетиот Никола Митрески-Кољо во завршните зборови на судењето за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, рече дека жали за случувањата и им се извини на сите присутни пратеници, граѓани и новинари од 27 април.

– Јавноста да знае дека ние бевме изманипулирани од идејата за така наречената "Тиранска платформа" предводена од организаторите политичари, истакна Кољо.

За влезот во Собранието, Кољо рече дека стои зад секоја негова грешка и призна дека тој ја скршил стаклената врата, а не обвинетиот Леви.

Во Судот денеска завршен збор дадоа обвинетиот Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

По завршните зборови на обвинетите за настаните од „27 април", за утре е закажано ново рочиште на кое за збор се пријавени бранителите на обвинетите./МИА

Арсовска избрана во Совет на Европа на Конгресот на локални власти за портпарол и координатор

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво.

Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво ќе ги води и следи процесите на почитување на Европскиот кодекс на однесување за сите лица вклучени во локалното и регионалното управување.

Нејзини надлежности меѓу другите се да го координира и подобри влијанието на работата на Конгресот за спречување на корупцијата во локалните власти, да известува за утврдени случаи на корупција на локални и регионални власти и да ја промовира стратегијата на Конгресот за спречување на корупцијата и унапредување на јавната етика на локално и регионално ниво.

Арсовска ќе го претставува Конгресот на сите значајни настани организирани од Советот на Европа и меѓувладиниот сектор за прашања на јавната етика и справување со корупцијата, организира и координира активности со Групата држави против корупција (ГРЕКО), со цел идентификување и размена на добри практики, решенија за предизвиците и начини за промовирање на јавната етика и спречување на корупцијата.

Кремљ: Во тек се контакти за можна размена на американскиот новинар Гершкович

Кремљ денеска соопшти дека во тек се „контакти“ околу можна размена на американскиот новинар Еван Гершкович, обвинет и затворен речиси една година во Русија поради шпионажа.

„Неколку пати нагласивме дека некои контакти се во тек, но тие треба да се водат со целосно молчење“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Прекинот на молчењето само ќе создаде дополнителни проблеми и ќе спречи постигнување на каков било резултат во процесот“, додаде Песков, без дополнителни детали.

Новинарот на „Волстрит џорнал“, Еван Гершкович (32), кој исто така работел за Франс прес во Москва меѓу 2020 и 2021 година, е уапсен од ФСБ во март 2023 година додека известувал во Екатеринбург, Урал.

Тој ги негира обвиненијата за шпионажа со кои се соочува и може да се соочи со затворска казна до 20 години. Обвиненијата ги отфрлаат и САД, неговиот весник и неговите роднини. Русија никогаш не ги објавила елементите на доказите и целиот процес е класифициран како таен.

Вашингтон ја обвинува Москва дека го земала како заложник за да го размени за Руси во затворите во западните земји, како што беше направено со неколку американски граѓани во последните години во Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека е подготвен да го размени Гершкович за Вадим Красиков, кој отслужува доживотна затворска казна во Германија за убиство на чеченски опозиционер во Берлин во 2019 година.

Рускиот суд оваа недела му го продолжи притворот на Гершкович до 30 јуни.

Песков денеска изјави дека нема информации за можниот датум за почеток на судењето на американскиот новинар.

Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април

Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата.

Вработените во здравството нема да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата поради непотпишувањето на анексот на колективниот договор. Поради тоа на 8 април најавуваат протест што ќе почне од пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија, а ќе заврши пред Министерството за здравство.

- Протестот ќе биде токму во насока на изразување незадоволство од непотпишувањето на анексот на колективниот договор којшто веќе беше завршена работа, но поради политичките игри остана непотпишан и со тоа повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без усогласувањето на нивните плати со порастот на минималната плата, соопшти денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Според информациите на ССМ, освен вработените во здравството, усогласување на платите ќе нема и во образованието и во Министерството за внатрешни работи.

притисни ентер