Дневен хороскоп за 22.2.2019

Дневен хороскоп за петок , 22 февруари 2019

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележите дека драгата личност станува се повеќе чувствителна. Бидете внимателни.

Кариера

Посакувате уште поголеми признанија од оние што неодамна ги добивте. Би било добро да сте малку поскромни.

Здравје

Треба повеќе да се рекреирате.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе очекува повеќе нежност , а слична потреба ќе имате и вие. Треба само да почнете.

Кариера

Пред вас се нови можности , кои се уште не се отворени целосно , но ги насетувате.

Здравје

Служете се со интуицијата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Нема да знаете што најдобро да направите , односно како да се поставите. Единствен вистинским патоказ е вашето срце.

Кариера

Уште подобро ќе соработувате со луѓето на работното место. Ќе ви оди од рака секој проект , па дури и оној што сте мислеле дека е тежок.

Здравје

Бидете подготвени на соработка.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во текот на денот ќе имате се поголема потреба да се затворите меѓу четирите ѕида на домот. Веројатно нема да излезете на забава.

Кариера

Би сакале нешто да предложите , но не сте сигурни како ќе биде прифатено. Ќе ја тестирате идејата врз најблискиот колега.

Здравје

Имате право на одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе , кои се подготвени се да споделуваат со другите. Тоа ќе ви биде полн погодок.

Кариера

Сакате да се пошегувате со колегите . Денеска ќе направите мала сцена , но никој нема да ви замери.

Здравје

Добро е што не ги комплицирате работите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе успеете да најдете заеднички јазик со саканата личност или со онаа која ви се допаѓа. Ќе бидете поопуштени.

Кариера

Денеска ќе треба малку да излезете од сенка и да поработите на еден деловен договор. Ќе бидете внимателни.

Здравје

Читајте меѓу редови.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби ќе бидете доста романтични или на саканата личност ќе и предложите одење на забава. Немојте да се срамите.

Кариера

Подготвеноста да попуштите не е вашата типична особина , но денеска ќе бидете такви. Но , и тоа ќе биде на место.

Здравје

Бидете она што сте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно денеска малку повеќе ќе поработите на вашиот сексуален живот , а на партнерот ќе му биде мило.

Кариера

Ќе почнете се подобро да се поврзувате со луѓето , а ќе се надоврзат и покани и повици за работа во други региони.

Здравје

Прошетајте се на воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои некого освојуваат денеска ќе знаат да изберат вистински зборови за да дојдат до саканата цел. Ќе бидат искрени.

Кариера

Малку повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата.

Здравје

Ќе бидете меланхолични.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Сериозните теми ќе успеете да ги тргнете со помош на духовита конверзација. Другата страна ќе нема забелешки.

Кариера

Ќе дојде до уште подобра соработка со колегите. Ќе успеете да ги прилагодите различните идеи и мислења.

Здравје

Не се натпреварувајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно вечерва ќе излезете и убаво ќе си поминете во добро друштво. Не останувајте дома.

Кариера

Со мали чекори може да стигнете до значајна цел исто како и со големи чекори. Затоа несе грижете ако напредокот е постапен.

Здравје

Прошетајте се на воздух.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе чувствуваат се поголема поврзаност со личност со која работат. Ќе ги интересира што би можело од тоа да произлезе.

Кариера

Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите. затоа ќе бидете многу задоволни.

Здравје

Верувајте во подобри денови.

Средношколец со калашников на училиште во САД – избегната трагедија (ВИДЕО)

Тренер во едно средно училиште во американскиот град Портланд стана херој откако разоружа еден ученик , кој влегол на училиште со автоматска пушка.

Ученикот пушката ја донел на училиште во мај оваа година со намера да си го одземе животот , а тогаш тренерот физички го совладал и му ја зел пушката.

Снимките од камерата за надзор објавени од Канцеларијата на јавниот правобранител во петокот покажуваат дека се случило нешто поразлично.

Тренерот Кинон Лоу го забележа ученикот Ангел Гранадос Дијаз како се шета во училишната сала со пушка и му се приближил и го гушнал. Друг член на персоналот истрчал и ја зел пушката од младиот човек кој не го ослободил тренерот од прегратката.

Си-Ен-Ен пишува дека тие биле поздравени од полицијата.

"Чувствував сожалување за него. Многу пати, особено кога сме млади, не сфаќаме што правиме сè додека не биде доцна", рече тренерот Кинон.

Младиот Ангел бил осуден само за носење огнено оружје во јавност, бидејќи тој не ја вперил пушката кон никого, а еден од неговите колеги сведочел дека претходно му признал дека сака да се самоубие.

Младиот човек е осуден на три години условна казна и за тоа време ќе добива психолошка помош.

Кинеските милионери за прв пат се побројни отколку американските

Бројот на милионери годинава е зголемен за 1,1 милиони , а богати Кинези за прв пат има повеќе отколку богати Американци , покажа истражувањето на шавајцарската банка Credit Suisse.

Годишното истражување за богатството на Кредит Суис покажува дека во средината на оваа година, првите 10 проценти од најбогатите во светот се 100 милиони Кинези во споредба со 99 милиони во САД.

„И покрај трговските конфликти меѓу САД и Кина во изминатите 12 месеци, обете држави постигнаа силен напредок во креирањето на богаташи, заработувајќи 3,8 милијарди долари односно 1,9 милијарди долари“, соопшти директорот за истражување на светската економија во Кредит Свис, Нанет Хехлер-Фајдбербе.

Бројот на милионери во светот се зголеми за 1,1 милиони на 46,8 милиони, со вкупна нето вредност од 158,3 милијарди долари, што е 44 проценти од вкупниот светски износ.

Во САД се создадени половина од вкупно 675.000 нови милионери.

Падот на просечното богатство во Австралија, во најголем дел заради девизните разлики, се намали за 124.000 милионери. Велика Британија изгуби 27.000 милионери, додека во Турција се намали за 24.000.

Според истражувањето се проценува дека 55.920 луѓе имаат најмалку 100 милиони долари, додека 4.830 поседуваат нето средства над 500 милиони долари.

Глобалното богатство, кое се зголеми за 2,6 проценти минатата година, ќе се зголеми за 27 проценти во текот на следните пет години на 459.000 милијарди американски долари до 2024 година, прогнозира Кредит Свис. Бројот на милионери, исто така, ќе се зголеми во текот на овој период на близу 63 милиони.

Во светот, 56,6 проценти од луѓето поседуваат помалку од 10.000 американски долари, 32,6 проценти од лицата поседуваат меѓу 10.000 и 100.000 долари, 9,8 проценти од луѓето поседуваат меѓу 100 000 и 1 милион долари, додека 0,9 проценти од светската популација поседува скоро половина од светското богатство .

Георгина Родригез со претесниот фустан го запали Инстаграм (ФОТО)

Атрактивната девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо , Георгина Родригез , со најновата фотографија на Инстаграм покажа дека има совршено тело.

Убавата 25-годишна партнеркка на Роналдо, објави фотографија од лифт на која во преден план се наоѓа нејзиниот цврст задник, што ги воодушеви обожавателите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🕊 #goodnight #peace #love @fashionnova

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Роналдо е познат по своите врски со прекрасни модели, но поради секси фотографиите кои Георгина ги споделува на Инстаграм, можеме да видиме зошто успешниот фудбалер е долги години во врска со Георгина.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@yamamayofficial ⚓️🛥❤️

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Buen día 🧡 Vamos a quemar la tarta de anoche 🤟🏼 Beige outfit @aloyoga🌎

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

притисни ентер