Стојчевска: Не сум влијаела, ниту интервенирала за вработување на член на моето семејство

По серијата обвинувања за вработувања на свои блиски членови на потесното семејството, пратеничката Мира Стојчевска на фејсбук тврди дека таа на никој начин не влијаела, ниту интервенирала за такви вработување.

,,Изминативе денови внимателно ги следев реакциите во јавноста во однос на обвинувањата за непотизам, нешто што е спротивно на мојата определба и заложба за градење на општество кое ќе нуди подеднакви услови за сите. Општество кое ќе гарантира еднаквост меѓу граѓаните, независно од нивната партиска, религиозна или каква било друга определба. Тоа е целта за која што се боревме додека бевме во опозиција, тоа е целта на која работиме и сега. Одговорно тврдам дека, откако сум пратеник, а и претходно ниту сум влијаела, ниту пак имам намера да интервенирам за вработување на член на моето семејство или некој близок роднина, вели Стојчевска.

Според Стојчевска, непотизмот е нешто сосем спротивно на нејзините принципи и етички критериуми.

,,Сепак сакам јавно да соопштам дека мојот сопруг Ило Стојчевски, кој во Шумска полиција – Сектор Делчево при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како заменик – командир работи од 1998 година, уште на 14 февруари годинава побара да биде отповикано временото овластување со кое привремено беше назначен за командир на Шумската полиција – Делчево. Иако не сум имала никакво влијание во неговото овластување за командир на шумската полиција – Делчево, следејќи ги моите, но и неговите принципи за отчетност пред граѓаните, мојот сопруг, независно од неговото долгогодишно искуство одлучи да се врати на старата позиција заменик-командир во Шумската полиција – Сектор Делчево. Исто така, сакам да информирам дека и мојот брат Целе Велевски, кој преку Агенција за привремени вработувања беше ангажиран на определен период од пет месеци во РЕК Битола, се откажа од ангажманот. Иако мојот брат сам одлучува за својата иднина и за иднината на неговото семејство, а неговиот ангажман беше легален, легитимен и во ниту еден случај не беше поврзан одредена политичка партија, тој реши да се откаже од овој привремен ангажман поради неоснованите сомнежи дека јас сум имала некакво влијание при неговото ангажирање, што целосно не е точно, пишува Стојчевска.

Oштетена гумената брана за наводнување на оризовите површини кај кочанското село Грдовци

Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани утрово забележале намерно оштетување на гумената брана кај селото Грдовци, што се користи за зафаќање на водата од реката Брегалница и наводнување на околните оризови ниви.

Непознат сторител со остар предмет ја исекол гумената обвивка во должина од околу половина метар, по што дошло до истекување на акумулираната вода и празнење на помошниот канал од водозафатот.

-Во изминатите седум дена имаше шест обиди за сечење на гумата и конечно, во текот на доцните вечерни или раните утрински часови, сторителот успеал во намерата. Несфатливо е зошто некој, токму на почетокот на сезоната за сеење на оризот, се одлучил на ваква постапка со која прави повеќекратна штета. Во прашање е доведено наводнувањето на околу 100 хектари оризови површини. Освен тоа, наместо средствата со кои располагаме да ги инвестираме во одржување на каналската мрежа, ќе мора дел да потрошиме за ангажирање служба за чување на гумената преграда. Настанот веќе е пријавен во полиција и очекуваме разоткривање на сторителот и на неговите мотиви за ова кривично дело, истакна Станче Стефанов, техничко лице во водостопанскта подружница „Брегалница“.

Во тек се активности за санирање на оштетувањето на гумената преграда, но постапката е отежната поради зголемената количина вода. Вработените во подружницата очекуваат до крајот на денот да ја нормализираат состојбата со наводнувањето, за да се избегне прекин на сеидбената сезона во овој регион, но и да не дојде до исушување на нивите кои веќе се посеани со ориз.

Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај

Претседател на Комитетот за уставно законодавство и државност во Горниот дом на Советот на Руската Федерација, Андреј Клишас денеска изјави дека инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи на 7 мај.

Согласно руските закони, новоизбраниот претседател ја презема функцијата со мандат од шест години.

Инаугурацијата на Путин и во 2018 година се одржа на 7 мај. /МИА

Маск и австралискиот премиер во онлајн расправија за снимки од терористички напад

Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече Илон Маск арогантен милијардер, откако неговата платформа X го одложи отстранувањето на снимките од минатонеделниот напад во Сиднеј.

Австралискиот суд вчера му нареди на X (поранешен Твитер) да ги отстрани видеата од настанот. Х претходно најави дека ќе ја отстрани наведената содржина по законска одредба, пишува Би-Би-Си.

Маск во меѓувреме објави меме во кое ја обвинува владата за цензура.

Албанез денеска за Еј-Би-Си изјави дека Маск е арогантен милијардер кој мисли дека е над законот и пристојноста.

Независен интернет регулатор минатата недела им се закани на X и другите компании за социјални медиуми со високи казни доколку не ги отстранат видеата од нападот со нож во црквата Христос Добриот Пастир, кој полицијата го прогласи за терористички чин.

X тврдеше дека оваа одредба не е во опсегот на австралиското право. Регулаторот потоа побара судска забрана за објавување на спорните снимки, а набрзо дојде до расправија на социјалните мрежи и во медиумите.

„Би сакал да го искористам овој момент за да му се заблагодарам на премиерот што ѝ посочи на јавноста дека оваа платформа е единствената што ја покажува вистината“, напиша Маск. Тој претходно ја критикуваше австралиската комесарка за безбедност на Интернет, Џули Инман Грант, опишувајќи ја како „австралиски комесар за цензура“.

Албанец застана во одбрана на Инман Грант, велејќи дека таа ги штити граѓаните на Австралија.

- Социјалните медиуми мора да бидат и општествено одговорни. Тоа не е случај со Маск“, додаде тој. X мора да ги отстрани спорните снимки во рок од 24 часа по одлуката на судот. /МИА

притисни ентер