Мицкоски: Не ми дозволија да го видам Јанакиески

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево отиде во ГОБ „8-ми Септември" да го посети поранешниот министер Миле Јанакиески, кој бил згрижен таму по инцидентот во затворот „Скопје" во Шутка.

,,Не ми дозволија да го видам Миле Јанакиески, ниту пак некој од болницата дојде да ни објасни што се случило, ниту некој ни кажа како ќе се развиваат работите натаму. За волја на вистината дојде само дежурниот доктор, ни ја објасни дијагнозата, дека има повреди по телото, рече Мицкоски.

Тој истакна дека државата не успеала да ги заштити животите, ниту на Јанакиески, ниту на поранешниот министер Спиро Ристоски, кој исто така издржува мерка притвор и бил дел од инцидентот, и побара оставка од премиерот Зоран Заев и министрите за правда и за внатрешни работи Рената Дескоска и Оливер Спасовски. За овие случувања, рече, ќе ги информира сите релевантни меѓународни институции.

На Јанакиески синоќа му беше одреден 30-дневен притвор во врска со случувањата во Собранието на „27 април". За истиот случај притвор доби и поранешниот министер Спиро Ристовски.

Повеќе медиуми денеска објавија дека Јанакиески и Ристовски, биле повредени во физичка пресметка во затворот. Оттаму го потврдија инцидентот, но посочија оти предизвикувачи биле Ристовски и Јанакиески. Од ГОБ „8-ми Септември", попладнево потврдија дека кај нив бил примен Јанакиески, но оти не му биле констатирани телесни повреди.

СБУ тврди дека уништила руска радарска станица НЕБО-У кај Брјанск

Украинската Служба за безбедност (СБУ) погодила руска радарска станица со долг дострел во регионот Брјанск, од  која се следела ситуацијата на небото до 700 километри во територијата на Украина, јавија украинските медиуми, цитирајќи извор од СБУ.

-Русите сега имаат еден модернизиран комплекс Небо-У помалку, што му помогна на непријателот да открие украинско оружје и ги поддржа бомбардерите кои ја напаѓаат пограничната област на Украина со наведувани проектили, рече изворот, цитиран од украинската агенција Униан.

Тој додаде дека радарот е вреден 100 милиони долари и дека го погодиле седум дронови.

Агенцијата наведува дека ова е втор комплекс Небо-У уништен од СБУ, и дека е прв уништен во рускиот Белгородски регион. /МИА

Трипуновски: Системите за наводнување се руинирани и неисчистени

Водата и годинава ќе биде проблем за оризопроизводителите.

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денес е во работна посета на општина Чешиново-Облешево каде што оствари средби со земјоделците од овој регион исто така го посети и системот за наводнување на земјоделските површини.

Изминатиов период откако Љупчо Николовски најави дека ќе има вода за сите во кочанскиот регион добив многу пораки од земјоделците кои ме известија дека во реалноста ситуацијата и не е така розова. Состојба со системите за наводнување е катастрофалната, каналите се руинирани, стари, неисчистени и нефункционални. Повторно и оваа година водата ќе биде проблем за оризопроизводителите, а со тоа се доведува под знак прашалник и новата производна сезона. - изјави Трипуновски.

Дена неподготвени влегуваме со сезоната за наводнување говори и фактот дека за чистење на доводните канали за наводнување е потрошено само 30 работни часови со една машина. Со ова ќе имаме лош старт на наводнителна сезона со што ќе се пролонгираат роковите за засејување на оризовата култура и наводнувањето преку цела наводнителна сезона ќе се одвива со потешкотии.

Потребно е многу работа во секторот земјоделство министре Николовски, особено во делот на водостопанството, вие овие 7 години ги преспавте и ништо не сработивте. Единствено добро е тоа што наскоро вие ќе си заминете, а на ваше место ќе дојдат луѓе кои посветено и искрено ќе работат за доброто на македонските земјоделци, тие ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ! - заврши Трипуновски.

Цветан Трипуновски

Мајката на осомничениот за убиството на Данка го искористи правото да не сведочи

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.

Како што пишуваат српските медиуми, таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените и е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето. Срѓан Јанковиќ од Лука и Дејан Драгијевиќ од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага..

притисни ентер