Барањето за одземањето на имунитетот на Вељаноски вратено во Собранието

Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски е вратено од скопскиот Кривичен суд во Собранието и претседателот Талат Џафери го доставува до  Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Поради повикување на погрешен член од законот, претседателот на Собранието Џафери денеска го врати до Кривичниот суд барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски.

Првото барање од Кривичниот суд во Скопје за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, стигнало денеска околу пладне во Собранието.Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот.

По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Актуелниот пратенички состав досега по барање на судот донесе одлуки за одземање на имунитетот на пратениците Никола Груевски, Љупчо Димовски, Крсто Муковски, Јохан Трачуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Вељановски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на поранешните министри Јанакиески и Ристоски им беше одреден 30-дневен притвор./МИА

Си Џинпинг предложи четири принципи за да се реши состојбата во Украина

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека предложил четири принципи за да се спречи украинската криза да излезе од контрола и да се врати мирот што е можно поскоро, пренесе Ксинхуа.

„Прво, приоритет треба да биде поддршката на мирот и стабилноста, воздржувајќи се од барање себични цели. Второ, треба да ја смириме ситуацијата и да не долеваме масло на огнот. Трето, треба да создадеме услови за враќање на мирот и да се воздржиме од натамошно влошување Четврто, треба да го намалиме негативното влијание врз светската економија и да се воздржиме од поткопување на стабилноста на глобалната индустрија и синџирите на снабдување“, рече Си.

Си се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц во Пекинг, каде двајцата лидери разменија мислења за кризата во Украина.

Кинескиот претседател нагласи дека, според сегашната ситуација, за да се спречи ширењето на конфликтот, сите страни треба да работат заедно за да се врати мирот што е можно поскоро.

Во овој контекст, тој предложи четири принципи, се додава.

Генчов: Полека се претвораме во „Албано-Македонија“

„А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ?“

Политиката е сурова и бара од секого да фати страна. Ние сме од 1994 аспирант за ЕУ и членка за НАТО и ги поддржуваме западните вредности. Но, во обид да најдам пример за било која институција, Совет на ЕУ, Унијата, или различни апликации за членстви и не најдов ниту еден пример, во кој нашата земја гласала поразлично од Албанија и Косово. Такво нешто нема. Според мојата теорија полека се претвораме во „Албано-Македонија“ не во Северна Македонија. И да има елементи да се поддржи било која резолуција против злосторства против човештвото, секоја капка крв ја осудувам, но во политиката често се соочуваме со двојни стандарди. Меѓу нашите сограѓани доколу направите анкета, Србија и натаму е најсојузнички настроена и не може еден министер за надворешни работи тоа да го нема предвид. А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ, праша Александар Генчов во Само Вистина.

Ужас во Бразил: Најмалку 20 полураспаднати тела се најдени во чамец

Најмалку 20 тела во фаза на распаѓање се пронајдени во чамец во близина на брегот на североисточниот дел на Бразил, соопштија официјални лица.

Бродот бил пронајден во близина на брегот на Браганца, североисточно од Паро, на 13 април.

Оттогаш се покренати две истраги.

Официјални лица изјавија дека најмалку 20 тела биле пронајдени во чамецот, но поради распаѓањето на телата, не е познато колкумина загинале во чамецот.

Се претпоставува дека починатите не се од Бразил, туку најверојатно од Карибите, изјавиле истражувачите за CNN Brasil.

Локалните власти соопштија дека немало неодамнешни извештаи за исчезнати Бразилци.

притисни ентер