Опозицијата и денеска на големи протести во Тирана, САД и ЕУ повикуваат на смиреност

Албанскиот парламент е мртов, порачаа илјадниците демонстранти во Тирана, преку симболичниот чин на палење свеќи и положување цвеќе пред Собранието.

Парламентот е опкружен со бодликава жица, а 1.500 специјалци ја обезбедуваа Тирана по најавите дека толпата ќе се обиде да упадне во Собранието, кое мораше да ја откажа предвидената седница.

Здружената опозиција бара оставка од Еди Рама, кој е во посета на Италија и вонредни избори, поради како што велат, коруптивната и криминална власт. Опозицијата ги оствари најавите и денеска се откажаа од вкупно 44-те мандати.

-Ова е пораката што треба да ја слушне Рама, кој побегна од Тирана. Опозицијата денеска ги предаде мандатите и од денеска ние стануваме обични граѓани како и вие. Битката продолжува се до прекинување на неправдата, изјави Љуљзим Баша, лидер на Демократската партија

Битката за крај на неправдата, како што најавуваат организаторите, продолжува и во соседна Србија, каде задутре ќе се одржи 11-иот во низа граѓански протест, наречен Еден од пет милиони, кој сериозно ја тресе позицијата на претседателот Вучиќ. Денеска Вучиќ се обиде да ја релативизира нивната моќ, со оглед дека тие на бараат нови избори.

-Тие не протестираат затоа што мислат дека изборната волја е поинаква. Тие знаат дека се помалку, но сакаат своето да го наметнат, изјави денеска Александар Вучиќ, во интервју за Б92.

Паралелно со антивладините собири и самиот Вучиќ веќе трета недела тера кампања и средби со граѓаните, кои многумина ги протолкуваа како контра протест. Телевизијата N1 објави видео снимка од еден од митинзите, на која се слуша како на учесник на собирот му се наложува дека мора да остане до крајот.

-А, кога завршува. Имам некои обврски, затоа прашувам? За 5-10 минути. Значи, морам да останам до крај. Ако си заминете, морам да ве фотографирам дека сте заминеле, а вие, како сакате, вели еден од организаторите на митингот, кому му е скриен идентитетот.

Проблеми на релација власт – опозиција има и во соседна Бугарија, каде што опозицијата го бојкотира парламентот поради измените на изборниот законик.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

притисни ентер