Доколку сакате фризура како Доналд Трамп и Ким Јонг-ун, овој фризер ќе ви ја направи бесплатно (видео)

​Ле Фук Хаи во берберницата во малата ханојска улица трпеливо чека хемикалиите кои фризерот му ги нанел на косата да ја осветлат неговата природно црна боја на косата и таа да поприми нијанса каква што има косата на претседателот на САД.

На столчето покрај него, Џи Хуј, неверојатно личи на Ким Јонг-ун.

„Многу луѓе изјавуваат дека личам на Ким, посебно со ваква фризура“ – изјави Хуј, кој го добил надимакот Ун поради сличност со севернокорејскиот лидер.

Не успева да го сокрие возбудувањето кога зборува за тоа дека Ким следната недела ќе пристигне во Ханој на вториот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, па се надева дека ќе во види во живо.

Бидејќи во Ханој владее возбуденост поради претстојниот состанок на двајцата челници, фризерот Ле Туан Дуон, се одлучил на своите постојани клиенти да им понуди бесплатни фризури „а ла Трамп“ или „а ла Ким“.

„Ханој е град на мирот. Бидејќи Доналд Трамп и Ким Јонг-ун се одлучија токму тука да разговараат за повторното воспоставување на мир, помислив дека би можел да направам нешто што би покажало дека жителите на Ханој позитивно гледаат на одржувањето на самитот – изјавил Дуонг.

Според неговото мислење, фризурата на Ким одразува младост, а на Трамп сила.

„Но меѓу моите клиенти многу попопуларна е фризурата на Ким“ –додава Дуонг.

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.

„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

Маж се заканувал со експлозив во иранскиот конзулат во Париз, уапсен е

Париската полиција уапси маж кој претходно беше осомничен дека се заканувал дека ќе активира експлозив во иранскиот конзулат во Париз.

Француската телевизија БФМ претходно објави дека непознато лице влегло во конзулатот, како што претходно изјавиле очевидци.

Мажот наводно бил виден со експлозивна направа, граната и се заканувал со експлозив.

Мобилизирани се специјални сили, а од безбедносни причини сообраќајот во областа, како и на една линија на метрото е прекинат.

Сајкоски од Битола: Платформата 1198 се обврзува на 150 милиони евра за домашното стопанство

Битола е на највисоко ниво на агендата што ќе ја предводи владата на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период.

Битола ќе добие економски развој, Битола ќе добие нова инфраструктурна мрежа. За Битола се предвидени голем број на инвестиции.

Денеска бевме во посета на стопанствениците во Битола од кои што слушнавме и со кои што разговаравме за проблемите со кои што се соочуваат.

Ние како луѓе кои што ќе работиме во идната влада која што ќе ја предводи Македонија сакаме да им изразиме гаранција дека ќе приоѓаме кон секој нивни проблем, ќе работиме за решавање на секој нивен проблем.

Исто така заедно со градоначалникот укажавме на компаниите и на стопанствениците дека и локалната самоуправа стои на располагање на битолското стопанство.

Укажуваме дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 150 милиони евра во стопанството.

Почитувани ова е начин да се помогне стопанството, да се помогне да не се иселуваат луѓето, да го подобриме квалитетот на живот, и да имаме подобар живот и во Битола и во цел наш регион, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.

притисни ентер