TOYO TIRES СО “OUTLET SALE” ВО САЛОНИТЕ НА ЕУРОИМПЕКС!

TOYO TIRES со одлична понуда на пневматици од лагер во месец февруари!  

Доколку ви се потреби пневматици создадени од висок квалитет, со ново соединение на нагазната површина кое е изработено исклучиво од силикон, подолг век на траење, подобри перформанси на влажна површина и помала потрошувачка на гориво, Proxes CF2 е вистински избор за возачи кои бараат високи перформанси и безбедна гума за средни и високо-моќни возила.

Моделот Nano Energy 3 е одличен избор за возачи на компактни возила и возила од средната класа, кои бараат ефикасност при потрошувачка на гориво и заштеда на гумите. Истовремено е гума чие производство е пријателски наклонето кон околината и перформанси кои одржуваат високо ниво на безбедност, удобност и трајност за голем број километри.  

Од понудата на зимски гуми, Snowprox S953 и S954 нудат доверливо сопирање и држење за подлогата на влажни и покриени со снег патишта, секогаш овозможувајќи ви безбедно и комфорно чувство на возење.

Еуроимпекс во својата “Outlet sale” понуда вклучува и летни и зимски гуми со бесплатна монтажа и балансирање од следниве димензии:

Ве повикуваме на брза реакција, бидејќи количините се ограничени.

Toyo Tires пневматиците се достапни во двете импортерски локации на компанијата Еуроимпекс:

Локација 1: Бул Трета Македонска Бригада број 72, 1000 Скопје

Локација 2: Ул Скупи 3а, 1000 Скопје

За повеќе информации https://www.toyo.mk/

Над 2 000 луѓе починаа од коронавирусот , заболени има во 28 држави

Коронавирусот се рашири низ целиот свет откако првиот случај во Кина беше откриен во декември, а до денес, најмалку 2.000 луѓе починаа, додека над 75.000 се заразени.

Си-Ен-Ен известува дека најмалку 28 потврдени случаи се пријавени во 28 земји, а повеќе од половина од случаите се пријавени на крузерот  „ Diamond Princess “ чии патници се во карантин.

Досега починаа шест лица надвор од Кина, две во Хонг Конг и во Иран и по едно во Јапонија, Тајван, Франција и на Филипините.

Еве го списокот на заразени:

Австралија - најмалку 15 заразени

Белгија - најмалку 1 заразен

Откако девет повратници од Вухан пристигнаа во Белгија, еден од нив беше потврден дека има коронавирус.

Камбоџа - најмалку 1 заразен

Канада - најмалку 8 заразени

Египет - најмалку 1 заразен

Финска - најмалку 1 заразен

Франција - најмалку 12 заразени, 1 мртва

Француски турист почина во Франција. Тоа е прва смрт од коронавирус во Европа.

Германија - најмалку 16 заразени

Хонг Конг - најмалку 62 заразени, 2 мртви

39-годишник и 70-годишник починале од коронавирусот во Хонг Конг.

Индија - најмалку 3 заразени

Италија - најмалку 3 заразени

Јапонија - најмалку 68 случаи, 1 смртен случај плус 454 заразени на крузер

Една 80-годишна жена почина од коронавирусот.

Макао - најмалку 10 заразени

Малезија - Најмалку 22 заразени

Непал - Најмалку 1 заразен

Филипини - Најмалку 3 заразени, 1 смртен случај

Почина 60-годишна жена, која потекнува од Вухан.

Русија - најмалку 2 заразени

Сингапур - најмалку 81 заразен

Јужна Кореја - најмалку 46 заразени

Шпанија - најмалку 2 заразени

Шри Ланка - најмалку 1 заразен

Шведска - Најмалку 1 заразен

Тајван - Најмалку 22 заразени, 1 починат

Тајланд - најмалку 35 заразени

Обединети Арапски Емирати - најмалку 9 заразени

Велика Британија - најмалку 9 заразени

САД - најмалку 15 заразени

Виетнам - најмалку 16 заразени

Иран- најмалку 2 заразени , двајца починати денеска.

Од Тесла направил моторна санка на гасеници (ВИДЕО)

Гасениците се подобро решение од ланците, барем кога станува збор за возење на снег.

Фановите на електричните автомобили  „Тесла“ последниве неколку месеци се обидуваат да направат своја верзија на „Кибертрек“ - електричен пикап со необичен дизајн.

Еден сопственик на моделот 3 на Тесла, се определи за драстична промена. Тој сакал да ги подобри возните перформанси на снег, па ги замени тркалата со гасеници и доби електрична моторна санка.

Мајкл е еден од најпознатите авто-блогери на социјалните мрежи. Со помош на компанијата Mullin Manufacturing, тој успеа да постави гасеници на задната оска на неговиот модел Tesla 3. Амбициозниот проект беше успешно завршен, пренесува Carbuzz.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Should I drop the video now or later?? Yes this happened

A post shared by Michael (@lowlifeduramax) on

„Сте го виделе Тесла како лета, но дали знаете дека оди по снег? Отсекогаш сум сакал електрична моторна санка“, вели Мајкл.

Мајкл ги отстранил задните тркала со пријателите и ги постави гасениците за снег на погонското вратило. Пробното возење беше направено на снежните висорманини  на Британска Колумбија, Канада. Сопственикот на Тесла не очекувал дека првото возење ќе помине без поголеми проблеми.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Tesla on tracks video live! Link in bio. I also put a train horn on it.

A post shared by Michael (@lowlifeduramax) on

Изменетата Тесла лесно ги освојува снежните ридови, што претходно беше невозможно на снежна површина. Ова е вистински подвиг, особено затоа што станува збор за возило кое тежи повеќе од 1.800 килограми.

Сепак, тестот не помина без проблем. Имаше прескокнување на забецот на една гасеница, а Мајкл вели дека проблемот може да се реши со затегнување . Тој додава дека неговите електрични санки сè уште не се завршени. Сака да ги усоврши со возење низ кал, па дури и да скока за да добие повеќе лајкови на социјалните мрежи.

Експертите за автомобили не советуваат вакви измени, забележува американското списание.

Познат пејач бил нападнат со нож и ограбен

Хари Стајлс, пејач на поранешниот британски бенд One Direction, бил ограбен на Денот на вљубените, пренесува Mirror.

Грабежот се случил во лондонската населба Хемпстејд во текот на ноќта, кога пејачот излегол на забава.

Разбојникот, за кој Стајлс вели дека бил во дваесеттите години, извадил нож и се заканил дека ќе го убиед ако не му ги предаде сите пари што ги имал. Пејачот добро се справил со ситуацијата и поминал неповреден.

"Хари беше прилично мирен и брзо му ги даде на арамијата парите што ги бараше. Тој ја одржуваше ситуацијата под контрола. Сепак, беше многу потресен", изјави извор близок до пејачот.

Инцидентот се случил неколку часа пред поранешната девојка на Хари и менаџерка, Керолин Флек да бидат пронајдена мртва во станот.

Полицијата открила дека сè уште не го уапсила напаѓачот.

И покрај инцидентот, Хари синоќа настапи на „Брит наградите“, каде ја испеа песната Falling.

притисни ентер