Завршни зборови во „Титаник 2": Одбраната побара ослободителна пресуда за Тачи и Ибрахими

Судот треба да донесе ослободителна пресуда бидејќи веќе е факт дека обвинението е поднесено неовластено и по истекот на периодот од 18 месеци, одреден за поднесување обвиненија од СЈО.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска завршен збор имаше адвокатот Елвир Исени, бранител на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, кои во предметот „Титаник2" на СЈО се товарат за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Адвокатот Исени побара ослободителна пресуда за лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими.

Според него, судот треба да донесе ослободителна пресуда бидејќи веќе е факт дека обвинението е поднесено неовластено и по истекот на периодот од 18 месеци, одреден за поднесување обвиненија од СЈО.

– Не може да се смета како општо познато кога се примени материјалите, како што наведе обвинителството, туку овој факт треба да се утврди со доказ и тоа е записник за примопредавање. Следна причина за ослободување е фактот дека двајцата се аболицирани од претседателот на државата, рече Исени.

Ако судот не го прифати горенаведеното, Исени предложи судот да донесе ослободителна пресуда бидејќи од изнесените докази, според нив, не се докажа кривичното дело што им се става на товар на обвинетите.

– Обвинението се потпира на снимени разговори, доказ прибавен на незаконит начин. Ова не е доказ на кој може да се заснова пресуда. Симптоматично е дека не се предложени и изнесени и други разговори меѓу други членови на комисијата, рече Исени.

Обвинетиот Бедредин Ибраими, во својот завршен збор додаде дека СЈО со инсуниации и претпоставки врши правна конструкција за наводно оштетување на државата, преку повторување на изборите на избирачкото место во Струмица.

-Дополнително, верувајќи во новоформираното СЈО, јас јавно ја одбив аболицијата од претседателот на државата, рече Ибрахими во судот.

Случајот „Титаник 2" го води судијата Огнен Ставрев,а застапник на обвинението е специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

Во овој предмет обвинети се и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешните членови на ДИК: Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови побара осудителна пресуда за сите обвинети./МИА.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер