Хонда ги изненади сите со новата внатрешност

Хонда го освои светот со ретро дизајнот на електричниот концепт , а конечно и го пушти во производство.

Комбинацијата на модерни технологии со ретро дизајн ги подели мислењата на љубителите на јапонските автомобили. Минималистичкиот дизајн е конципиран околу огромниот екран со инфотејнмент , а остатокот е обложен со дрво.

Од Хонда велат дека внатрешноста е осмислена за да понуди топла и афримативна атмосфера , инспирирана од концептот Урбан ЕВ. Во секој случај , применет е концептот на 70 – тите , особено преку употребата на голем број копчиња и правоаголниот дизајн.

Од надвор , електричната Хонда има и дополнителни две врати , додека самата конструкција е уште повеќе заоблена.

Топ 5 заблуди околу полнењето на батеријата на мобилните телефони

Дали полнењето на батеријата во текот на целата вечер го скратува нејзиниот животен век? Еве одговор на многу заблуди во врска со батеријата на вашиот мобилен телефон.

1.Полнењето во текот на ноќта доведува до преоптоварување на батеријата

Иако крајната цел на овој мит не е во целост невистинита, сепак се работи за погрешна претпоставка. Многумина веруваат дека оставањето на телефонот во текот на целата ноќ на полнач може да доведе до проблем со полнењето или до пократок животен век на батеријата. Сепак, паметните телефони се доволно паметни за да спречат преоптоварување на нивните батерии.

Кога батеријата на вашиот уред ќе достигне 100%, автоматски престанува да се полни, проблем може да настане доколку вашата батерија брзо се празни до 99% и тоа доведува до повторно активирање на полначот за да се одржи капацитетот на батеријата и тоа може да влијае на нејзиниот животен век.

Иако е тоа проблем, многу произведувачи денес прават батеријата да се полни побавно кога ќе надмине 80% или слични такви тактики, на тој начин одржувајќи го животниот век на батеријата.

Накратко, полнењето на телефонот во текот на ноќта нема да ја преоптовари вашата батерија.

2.Доколку батеријата секогаш се испразни до крај, ќе трае подолго

Ова можеби има најголем контраефект од сите митови. Оставањето батеријата секогаш да се испразни до крај пред полнење апсолутно не ја штити нејзината долговечност.

Всушност, многу експерти тврдат дека идеалниот начин за користење на батеријата на паметниот телефон е да ја ставите на полнач кога ќе биде на ниво од 20-30% што би требало да биде идеално за долговечноста на батеријата.

3.Полнењето на ладна површина ја штити батеријата

Некои телефони се греат додека се полнат. Како резултат на тоа, многумина сметаат дека е подобро доколку го стават телефонот на ладна површина или пред вентилатор додека се полни.

Иако е вистина дека топлината може да направи телефонот побавен и негативно да влијае на батеријата, поставувањето на лана површина не е решение. Всушност, држењето на ладна површина кога телефонот се полни доведува создавање на метален литиум во батеријата.

Тоа допринесува до уште побрзо празнење.

4. Користењето на телефонот за време на полнење влијае на животниот век на батеријата.

Не, користењето на телефонот додека се полни не влијае на долготрајноста на батеријата.

Единствено влијае врз брзината на полнење бидејќи додека го користите уредот трошите батерија, што не би требало да биде голем проблем доколку на телефонот не вршите нешто што премногу ќе го оптовари уредот додека се полни.

Меѓутоа, бидете сигурни дека не влијаете на животниот век на батеријата доколку го користите вашиот мобилен телефон додека се полни.

5.Вклученото „Wi-Fi“ троши многу батерија

Ова е една од главните заблуди кои многумина ја имаат во врска со батериите на паметните телефони.

Дури и ако „Wi-Fi“ е вклучено цело време додека телефонот е на полнач, тоа троши малку енергија. Многу мал дел од батеријата на вашиот телефон ќе биде истрошен доколку вашето „Wi-Fi“ е постојано вклучено.

Суперавтомобилот направен на 3D печатач чини 1,3 милиони фунти

„Czinger 21C“ кој е настанат од „3D“ печатач е направен во 80 примероци и ќе чини 1,3 милиони фунти.

Фантастичен автомобил кој излезен од „3D“ печатач, но за да го купите ќе мора да потрошите 1,3 милиони фунти и ќе станете еден од 80 сопственици на „Czinger 21C“ суперавтомобилот.

„Вака изгледа производството во 21 век. Секој дел е склопуван од посебен тим и јасно е дека постои одреден квалитет. Се е на врвно ниво од неговиот прецизен дизајн, преку рачно изработената каросерија од карбонски влакна до врвната боја,“ наведуваат произведувачите.

Кога станува збор за перформансите на овој модел јасно е дека станува збор за вистински ѕвер кој може да развие брзина од 400 км/ч за 29 секунди. Неговиот мотор е хибриден и креира 1250 коњски сили.

Фото: Ова момче стана интернет сензација поради неговата коса

Фарук Џејмс од лондон има седум години и неверојатно долга коса.

Неговата коса е толку голема и бујна што стана вистинска интернет сензација па момчето работи како модел за познати брендови.

Меѓутоа, неговата мајка е често критикувана на социјалните мрежи, некои луѓе велат дека таа го искористува своето дете и дека тој треба да биде потстрижен „затоа што е машко“.

Ова момче, често е на мета на критиките од своите врсници, но тоа него не го засега.

Мајка му е принудена да се грижи за неговата коса, за која се потребни многу препарати за одржување.

притисни ентер