Го продадоа Опел ,а сега нудат електрични велосипеди

Со продажбата на Опел , американскиот Џенерал Моторс , се повлече од Европа. Сега имаат нов производ со кого се надеваат на голем деловен резултат.

Се вика АРИВ и станува збор за електричен велосипед , што излезе во две варијанти. Мелд е компактната варијанта , додека Мерж е со можност за расклопување. Од ГМ напоменуваат дека купувачите ќе имаат значајна улога во натамошниот развој на новите модели.

Прв пат се појавија на пазарите , каде побарувачката за велосипеди е најголема и тоа во Германија , Белгија и Холандија.

Цените се движат од 2 750 евра за Мелд до 3 350 за Мерж , но само во Германија. Во Белгија и Холандија цените се повисоки за 50 евра.

Максималната брзина на овие електрични велосипеди е 25 км/час. Достигнува 64 километри со едно полнење , а може да се полнат батериите на секои 3,5 часа.

притисни ентер