Амазон вложува 700 милиони долари во ривалот на Тесла (видео)

Стартап компанијата Ривиан ја обезбеди првата голема инвестиција за производство на своите електрични возила.

„Амазон“ ќе вложи во бизнисот за производство на автомобили на електричен погон на компанијата „Ривиан“ повеќе од 700 милиони долари, која кон крајот на ноември ги претстави првите прототипи на теренец и пикап возило на струја – R1S и R1T.

Rivian R1T

И двата електрични автомобила ќе бидат достапни во три верзии, со три различни конфигурации на погонски батерии со капацитет од 105 kWh, 135 kWh или 180 kWh.

Rivian R1T



 

Засега не се објавени многу детали околу инвестицијата на „Амазон, но се знае дека „Ривиан“ ќе остане независна компанија.

Rivian R1S

Гласините кои се појавија на интернет во текот на изминатата недела, укажувале на тоа дека Амазон во оваа инвестиција ќе влезе заедно со „Генерал Моторс“ но не е познато дали тоа е остварено, а не се знае ни колкав дел од сопственоста ќе има „Амазон“ во оваа компанија.

Доколку плановите овие два модели се реализираат, „Ривиан“ би можел да постане сериозен конкурент на компанијата „Тесла“ во САД, посебно кога станува збор за пикапот R1T, кој би бил ривал на најавуваниот пикап модел на Тесла, кој исто така треба да се појави на пазарот во 2020 или 2021 година.

 

притисни ентер