Холивудскиот актер ја запроси пејачката со сличен прстен со каков што ја вери поранешната жена (фото)

Познатиот актер Орландо Блум на Денот на вљубените ја запроси пејачката Кети Пери.

Радосните вести пејачката ги сподели со своите обожаватели на Инстаграм покажувајќи го својот преубав свршенички прстен.

Прстенот е вреден околу 5 милиони долари, а странските медиуми пренесуваат дека е многу сличен по изгледот на оној со кој Орландо Блум ја запроси својата поранешна сопруга, манекенката Миранда Кер со која го има синот Флин.

full bloom

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) on

Во 2010 година актерот ја вери манекенката со многу сличен прстен во облик на цвет. Парот се забавуваше од 2007 година, а се венчаа во 2010 година. Наредната година го добија синот Флин.

Во 2013 година Миранда и Орландо се разведоа, а таа во 2017 година се омажи за основачот на Снепчет Еван Шпигел, а новото семејство го збогати за уште еден член, синот Харт.

Ни Орландо не тагуваше долго за поранешниот брак. Пред три години започна врска со Кети Пери, а иако се разделија во 2017 година, парот сепак ја одржа љубовта и сега ја круниса со веридба.

Orlando Bloom gave Katy Perry and Miranda Kerr similar rings.

Бонмати и Ѓоковиќ добитници на спортските оскари за 2023

Шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се добитници на наградата Лауреус, таканаречените Оскари за најдобра спортистка и спортист во 2023 година.

Минатата година Бонмати беше избрана за најдобар играч во изборот на ФИФА, а беше прогласена и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство на кое Шпанија ја освои шампионската титула.

Новак Ѓоковиќ ја освои наградата Лауреус по петти пат во кариерата, откако минатата година освои три од четирите грен - слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на четвртиот (Вимблдон).

Спортистите за наградата Лауреус се номинирани од претставници на светските медиуми, а победниците ги избираат 69 членови на Светската спортска академија Лауреус. Наградата е основана во 2000 година.

Добитници на наградата Лауреус за 2023 година:

Спортистка на годината: Аитана Бонмати

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ

Тим на годината: Шпанска женска фудбалска репрезентација

Најголем напредок: Џуд Белингем

Повратничка на годината: Симон Белс

Најдобра спортистка со попреченост: Диде де Грот

Спортистка на година во акциски спортови: Ариса Трев

Награда за хуманитарна работа: Фондација Рафа Надал. /МИА

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер