Меланија јавно зборувала за сексуалните односи со Трамп и се фотографирала гола

Откако пред две години стана првата дама на Америка, стана јасно дека ни најмалку не внимава на правилата.

Без да се воздржува, Меланија Трамп го прав она што го сака, а јавноста секојдневно зборува за тоа.

Титулата ја доби благодарејќи на тоа што е сопруга на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, но таа е се само не обична прва дама.

За разлика од своите претходнички не е родена во Америка

Последната прва дама која е родена надвор од границите на САД била сопругата на Џон Квинси Адамс, Луиза Адамс, родена далечната 1748 година. Сите први дами после неа родени се во Америка, до доаѓањето на Меланија, која е родена во Словенија, поточно во Севница.

Кога Меланија е родена во 1970 година, Словенија била дел од социјалистичка Југославија, на чие чело бил Јосип Броз Тито. Многу мал процент на Словенци биле членови на комунистичката партија, а меѓу нив бил и таткото на Меланија Трамп, која никогаш не била активен член.

Позирала гола за магазин

Меланија позирала гола за насловната страница на магазинот GQ во 2000 година. Во тоа време била само девојка на Доналд Трамп, кој барал од уредништвото на магазинот да ја врамат таа фотографија и да ја испратат во неговата канцеларија. Како што стои на службените страници на Белата куќа, Меланија тоа го смета за едно од своите најголеми достигнувања.

Јавно зборувала за сексот со Доналд Трамп

Во интервју кое го дала за Хауард Стерн пред бракот, Маленија јавно зборувала за тоа како е да се биде во врска со Доналд Трамп и признала дека имаат интимни односи и повеќе од еднаш дневно. Исто така открила дека телефонското интервју со Стерн го направила разголена.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер