Страшна животна сторија на холивудска актерка, мајка и го убила татко и, а таа се видела

Холивудската убавица Шарлиз Терон дефинитивно имала страшно детство.

Имено, нејзиниот татко се борел со алкохолот, бил насилен и нејзината мајка го убила во самоодбрана.

-Тогаш се преправав дека тоа не се случило, поради тоа што не сакав да зборувам за оваа трагедија. На луѓето им зборував дека мојот татко погинал во сообраќајна несреќа. Кој би сакал да раскажува таква приказна. Никој не знае како да реагира кога ќе му кажете дека таткото алкохоличар е убиен од твојата мајка. Не сакав да ме гледаат како жртва, открила во една прилика Шарлиз Терон.

Иако и е тешко да се сеќава на се што проживеала, Шерон  сепак раскажала дека константното живееле во страв од татко и.

-Гордан сум што тоа го преживеав, изјавила Терон.

Кога една вечер нејзиниот татко Чарлс се вратил дома видно во алкохолизирана состојба и почнал да тропа и предупредува дека со пушка ќе ја убие сопругата Герду и ќерката м, за жал тоа не биле само празни зборови. Тој ја земал пушката и почнал да пука во собата на Шарлиз . Уплашена за својот живот и за живото на ќерката , Герда му го одзела оружјето и го убила својот сопруг во самоодбрана, пренесуваат дел од медиумите.

Најголемиот холивудски предатор на силуваните жени им нуди 44 милиони долари

Продуцентот Харви Вајнштајн и неговото продуцентско студио постигнаа договор со жените , кои му поднесоа тужби за сексуално злоставување.

Адвокатите на најголемниот холивудски предатор велат дека постигнале договор со жените да им исплатат вкупно 44 милиони долари за тие да ги повлечат граѓанските тужби и барањата за обесштетување.

 Меѓутоа, Вајнштајн упорно негира дека сексуално нападнал над 75 жени и тврди дека сите доброволно се согласиле на полов однос со него. Жртвите на познатиот холивудски продуцент во најголем број се млади актерки и други жени вработени во филмскиот бизнис , кои добивале работа доколку дозволат Вајнштајн сексуално да ги злоупотреби .

Пријавите се однесуваат на неколку декади наназад. Поради скандалот , Вајнштајн доби отказ од својата истоимена продуцентска компанија и е исфрлен од американската Академија за филмска уметност.  

Фејсбук планира да воведе своја криптовалута и начин на плаќање

Компанијата Фејсбук ги привршува плановите за лансирање сопствена криптовалута и систем за дигитална наплата во десетина земји во првиот квартал на 2020 година.

Гигантот на социјалните мрежи до крајот на годинава планира интерно да го тестира овој систем наречен Global Coin. Се очекува деталите од овој план да бидат објавени летово.

Основачот на Фејсбук , Марк Закерберг минаиот месец верќе разговарал со директорот на британската Централна банка,Марк Карни за ризиците и можностите што ги носи криптовалутата.

Компанијата преговара со други компании за трансфер на пари како што е Western Union,за да договорат што поефтини и побрзи трансфери на пари за граѓаните без банкарски сметки.

SpaceX денеска лансираше дури 60 сателити (ВИДЕО)

Компанијата SpaceX денеска лансираше ракета со 60 сателити во вселената.

Ваквиот подвиг е прв чекор во создавање на мегаконстелација со што на популацијата од целиот свет ќе им се понуди ефтин пристап до широкопојасен интернет.

На огромната консталација од сателити од компанијата на Елон Маск и дадоа интересно име- Starlink.

Маск изјави дека сателитите ќе функционираат ,,како ширење на шпил карти по маса” и дека сателитите наскоро ќе ги рашират своите соларни панели , со кои ќе се напојуваат за време на работата во вселената.

Засега не е јасно дали сите 60 сателити се веднаш оперативни , но од компанијата SpaceX тврдат дека лансирањето поминало без никаков проблем.

Овој проект ќе го чини SpaceX 10 милијарди долари , но Маск вели дека компанијата има доволно средства за да го доврши.

притисни ентер