Фото: Најбрзата лимузина на светот

Под името БМВ Алпина „ B7 xDrive"  доаѓа првата ултимативна машина , односно фризираниот БМВ.

Неодамна унапредената најлуксузна  БМВ серија 7 ја доби својата совршена верзија, која е изведена од страна на познатата тјунинг куќа Алпина.

Новиот БМВ алпина „ B7 xDrive"  го движи познатиот 4,4 литарски твин турбо мотор. Инженерите на Алпина успеале од овој агрегат да извлечат 608 коњски сили и 800 Нм обртен момент. Оваа сила преку доработениот автоматски менувач со осум степени се шири на сите четири тркала.

Забрзувањето, во однос на оригиналот  е подобрено за 0,1 секунда , Б7 моделот до 100 километри на час стигнува за само 3,6 секунди, максималната брзана од ова луксузно БМВ изнесува 330 километри на час, што го прави најбрзиот сериски седан на светот.

Почетната цена на овој модел на БМВ е 154 800 евра.

Следниот месец  ќе биде отворена книга на нарачки,а првите испораки ќе стартуваат во јули годинава.

Зошто Амстердам веќе не ги сака туристите?

Амстердам , познат по толерантната култура , радикално ги менува ставовите кон милионите туристи кои годишно го посетуваат овој холандски град на каналите.

Амстердам им порачува на туристите да го избегнуваат и да одат на друго место. Иако туризмот и посетите на Амстердам годишно и носат на холандската економија дури 82 милијарди евра , сепак не сакаат нивниот град да се претвори во Венеција. Жителите на Амстердам се плашат дека преголемиот број туристи би можел да ја уништи душата на градот.

,, Ние сме под голем притисок. Не сакаме да се претвориме во Венеција. Туристите премногу го сакаат напшиот град и го посетуваат во преголем број. “ , вели архитектката Елен ван Лоон.

Поради евтините авионски летови , се очекува бројот на туристи и натаму да расте , што ги загрижува жителите на овој град и затоа рекоа дека е доста. Но , според туристичките експерти , бројот на гости и натаму ќе расте.

Ако во 2018 Амстердам имал 18 милиони гости , во 2030 тој број ќе достигне до 42 милиони. Поради ваквата опасност холандските власти решија да престанат да го рекламираат Амстердам , а воведоа и ограничувања на местата за забави и на капацитетите за сместувања.

Најголемиот холивудски предатор на силуваните жени им нуди 44 милиони долари

Продуцентот Харви Вајнштајн и неговото продуцентско студио постигнаа договор со жените , кои му поднесоа тужби за сексуално злоставување.

Адвокатите на најголемниот холивудски предатор велат дека постигнале договор со жените да им исплатат вкупно 44 милиони долари за тие да ги повлечат граѓанските тужби и барањата за обесштетување.

 Меѓутоа, Вајнштајн упорно негира дека сексуално нападнал над 75 жени и тврди дека сите доброволно се согласиле на полов однос со него. Жртвите на познатиот холивудски продуцент во најголем број се млади актерки и други жени вработени во филмскиот бизнис , кои добивале работа доколку дозволат Вајнштајн сексуално да ги злоупотреби .

Пријавите се однесуваат на неколку декади наназад. Поради скандалот , Вајнштајн доби отказ од својата истоимена продуцентска компанија и е исфрлен од американската Академија за филмска уметност.  

Фејсбук планира да воведе своја криптовалута и начин на плаќање

Компанијата Фејсбук ги привршува плановите за лансирање сопствена криптовалута и систем за дигитална наплата во десетина земји во првиот квартал на 2020 година.

Гигантот на социјалните мрежи до крајот на годинава планира интерно да го тестира овој систем наречен Global Coin. Се очекува деталите од овој план да бидат објавени летово.

Основачот на Фејсбук , Марк Закерберг минаиот месец верќе разговарал со директорот на британската Централна банка,Марк Карни за ризиците и можностите што ги носи криптовалутата.

Компанијата преговара со други компании за трансфер на пари како што е Western Union,за да договорат што поефтини и побрзи трансфери на пари за граѓаните без банкарски сметки.

притисни ентер