Карлеуша: Врањеш ќе те кастрирам ако го објавиш порничот !

Српската пејачка е во паника поради експлицитното видео со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.

-Огнен ќе ти го отсечам к...т!!

Карлеуша на својот екс љубовник му порача дека ќе го кастрира ако го објави нејзиниот порнич.

Популарната пејачка е многу вознемирена откако Врањеш најави дека на суд ќе го донесе нејзиниот порно , па преку заеднички пријател ми испрати сериозно предупредување.

-Ќе нае..ш ако го пуштиш видеото! Ќе те кастрирам !!Остави ме веќе на мира и заобиколиме во широк лак. Доста е веќе. Покажа колку си јаден, запри пред да биде касно, му порачала Карлеуша на Врањеш преку заедничкиот пријател.

Популарната Џеј Кеј е многу вознемирена поради тоа што интернетот е полн со нејзини голи фотки и „жешки “ преписки, а најмногу од се, се плаши поради порно видеото, кое Огнен го чува за судењето.

Јелена ќе доживее нервен слом, ако тоа видео биде објавено. Тоа ќе биде најексплицитното видео до сега! Таа живее во страв нејзиниот сопруг Душко да не види како се снимала со екс љубовникот, поради тоа што тој порнич дефинитивно би можел да ја чини брак. По секоја цена таа сака да спречи порно видеото да се појави во јавноста, поради што го упатила и предупредувањето до Огнен, изјавил за српските медиуми анонимен извор близок на пејачката.

Но, од друга страна Огнен Врањеш воопшто не се плаши од овие предупредување од Карлеуша и подготвува  докази и вештаци со чија помош ќе докаже на суд дека се што му испраќала Јелена е автентично.

Новиот Терминатор со старите ѕвезди – се појави трејлерот (ВИДЕО)

Сара Конор се врати во најновото продолжение на Терминатор , заедно со нејзиниот партнер Арнолд Шварценегер.

По цели 35 години од првиот Терминатор , Сара Конор се појави во најновото продолжение , а денеска се појави и трејлерот за "Terminator: Dark Fate" .

Освен добро познатите ликови како Сара Конор , Арнолд Шварценегер и роботот Т-800 , новото продолжение ќе ги донесе и  новите ликови како Мекензи Дејвис која ја игра улогата на хибрид меѓу термионатор и човек. За прв пат ќе се појави и Габриел Луна , кој ја игра улогата на нов робот - убиец.

Во овој филм повторно се враќа Џејмс Камерон, кој ќе биде продуцент , ќе го режира Тим Милер. Иако ова е шесто продолжение на Терминатор , дејствието ќе биде продолжение на вториот дел.

Премиерата на филмот е најавена за ноември годинава.

Рено Аркана - автомобил само за Русите (ВИДЕО)

Рено произведе нов модел на автомобил исклучиво за рускиот пазар , кој се вика Аркана.

Станува збор за СУВ , што ќе треба на рускиот пазар да им конкурира на BMW X4 или на Mercedes GLC Coupe .

За овој автомобил Русите ќе треба да платат најмналку 19 800 евра , доколку е само со преден погон , односно 20 900 евра за возило со погон на сите четири тркала.

Моделот има најнова безбедносна опрема и систем на асистенција . Го движи 1.3 TCE мотор со 150 Кс и CVT X-Tronic  менувач.

Зошто Амстердам веќе не ги сака туристите?

Амстердам , познат по толерантната култура , радикално ги менува ставовите кон милионите туристи кои годишно го посетуваат овој холандски град на каналите.

Амстердам им порачува на туристите да го избегнуваат и да одат на друго место. Иако туризмот и посетите на Амстердам годишно и носат на холандската економија дури 82 милијарди евра , сепак не сакаат нивниот град да се претвори во Венеција. Жителите на Амстердам се плашат дека преголемиот број туристи би можел да ја уништи душата на градот.

,, Ние сме под голем притисок. Не сакаме да се претвориме во Венеција. Туристите премногу го сакаат напшиот град и го посетуваат во преголем број. “ , вели архитектката Елен ван Лоон.

Поради евтините авионски летови , се очекува бројот на туристи и натаму да расте , што ги загрижува жителите на овој град и затоа рекоа дека е доста. Но , според туристичките експерти , бројот на гости и натаму ќе расте.

Ако во 2018 Амстердам имал 18 милиони гости , во 2030 тој број ќе достигне до 42 милиони. Поради ваквата опасност холандските власти решија да престанат да го рекламираат Амстердам , а воведоа и ограничувања на местата за забави и на капацитетите за сместувања.

притисни ентер