Која доби убедлива поддршка со 408 гласови од вкупно 519 делагати на вчерашната конвенција во Струга.
Укинување претседателските привилегии, формирање на експертско – меѓународно тело, намалување на бројот на министерства и цензусот во вториот круг за време на претседателски избори, ќе бидат првите чекори кои Силјановска ги најави, доколку седне во Вилата Водно. Смета дека местото на земјава е во ЕУ, најавувајќи поддршка за евроинтеграциите, но без да прецизира дали ќе го прифати новото уставно име на државата.
“Не може една сиромашна држава да има 28 министерства, а Швајцарија да има само седум. Ќе се заложам политичарите да го живеат животот на граѓаните. Чуму ни се меѓународното право и институциите како судот во Хаг, Судот за човекови права во Стразбур и слично, ако не побараме да се испочитува нашето право. Ние не го одбравме името, името не одбра нас. и не можеме да се држиме до заевизмот којшто стана ментална матрица – ,,кажувам, заборавам, негирам” рече Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ
Со зборовите „Македонија денеска ја доби мајка на нацијата“ прв кој и ја честиташе победата на Силјановска беше опозицискиот лидер Мицкоски, убеден дека со неа ќе издејствуваат победа на изборите.
„Сакам да и честитам на Гордана Силјановска. Македонија денеска доби нов претседател, доби мајка на нацијата. Очекувам победа во првиот круг, а потоа и потврда на победата и во вториот круг на претседателските избори“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Целосна поддршка во престојната кампања за Силјановска, најави Владимир Ѓорчев, кој доби поддршка од 80 делагати на партиската конвенција. Порача дека останува во ВМРО-ДПМНЕ и дека и стои на располагање на Силјановска.
„Делегатите демократски гласаа, целата постапка беше регуларна. Стојам на располагање за кампањата, имаме шанси за добар резултат. Важно е за Македнија да има баланс, навистина е потребно некој да се спротивстави. Гордана Силјановска може да го направи тоа. Ние ќе парираме во Парламентот, граѓаните со своите активности. Треба да ги доведеме состојбоите во Македонија во нормала“, изјави Владимир Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ.
Со изборот на Силјановска Дафкова претседателската трка напролет го доби својот прв учесник. Наредните недели се очекува да бидат познати и нејзините противкандидати со кои таа ќе се натпреваруваат за највисоката државна функција За нов шеф на државата ќе се гласа на 21 април, а вториот круг ќе биде на 5 мај.