Аналитичарите за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова

Со изборот на професорката Гордана Силјановска Давкова, ВМРО ДПМНЕ си ги зголеми шансите за победа и освојување на повеќе гласови пред се’ од неопределените, сметаат политичките аналитичари по вчерашната Конвенција на опозицијата во Струга.

 Но, велат колку професорката од Правниот факултет ќе успее да привлече непартиски гласови на контото на ВМРО ДПМНЕ ќе зависи и од кандидатот што ќе го промовира СДСМ.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели гласањето во Струга, каде Силјановска е избрана со 408 гласа од 519 присутни делегати говори за избор направен по диктат на раководството. Но, според него, изборот открива дека опозицијата има јасна стратегија за настапот на претстојните претседателски избори.

Оценката пак, на аналитичарот Владимир Божиновски е демократски избор која нема да резултира со поделби во партијата особено имајќи ја предвид изјавата на најсериозниот противкандидат на Силјановска, Влатко Ѓорчев кој најави поддршка за професорката во текот на предизборната кампања.

Божиновски не очекува со изборот на т.н. натпартиски кандидат  ВМРО ДПМНЕ да изгуби од гласовите на членството или да предизвика револт.

притисни ентер