Трамп ги повика европските сојузници да земат назад 800 борци во ИСИС и да им судат

Калифатот е подготвен да нападне-напиша на твитер американскиот претседател Доналд Трамп, повикувајќи ги европските сојузници да примат назад повеќе од 800 борци од Исламската држава заробени во Сирија и да ги изведат пред суд.

-Алтернативата не е добра бидејќи во спротивно ќе бидеме принудени да ги ослободиме-додал Трамп.

-Америка не сака да ги види борците на ИСИС како ја преплавуваат Европа, а се очекува да заминат таму нагласил Трамп.

-Многу работиме и толку многу трошиме, време е и други да ја преземат работата за која се способни. Се повлекуваме по стопроцентната победа над калифатот-порача Трамп.

Антикорупциска отвори предмет за платформите на Матка

Црвено светло кај антикорупционериоте се запалило откако институциите се прогласија за ненадлежни за платформите поставени на Матка.

Комисијата отворо предмет и реши да спроведе истрага дали има злоупотреба и незаконско постапување во Општина Сарај.

Вториот предмет што го отвори антикорупциска е за две вработувања во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои се случиле во тек  на изборниот процес.

Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски за Канал 5 вели дека се работи за вработувања преку  агенцијата за времени вработувања потребни за мониторирање на изборниот процес заради зголемниот обем на работа.И најави дека ќе има и други вработувања со цел да се покријат изборите . Тоа го правиме секоја година вели тој.

Од Комисијата денеска информираа дека два случаи за судир на интереси  кои беа предмет на истрага од антикорупционерите се затворени. Станува збор за случајот за ќерката на пратеничката Емилија Александрова за која имаше сомневања дека е вработена во Фондот за иновации. Во овој случај, антикоупционерите заклучиле дека, ќерката на пратеничката ниту поднела документи, ниту пак била вработена во Фондот.

Вториот затворен случај е за сопругата на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски за која се утврдило дека работела на истото работно место и пред нејзиниот сопруг да стане градоначалник.

Инаку за вработувањето на ќерката на спикерот Тлат Џафери се уште се постапува,претседателката на Антикорупцискат комисија Ивановска рече дека се анализира  по кои критериуми е вработена. Но дека магистрирала и дека завршила со просек 10.Антикорупционериоте најавија поопсежна анализа за систематизацијата при вработувањата во јавните компании.

Работа има, но нема кој да работи

Работа има, но нема кој да работи. Струките кои се бараат на пазарот воопшто не соодветствуваат  со она што се нуди.   

Како еден од проблемите за оваа состојба е тоа што државава лошо менаџира со образовниот систем, смета универзитетскиот професор Гадаф Реџепи.

„Бројот на студенти во  2005 година изнесувал 48 000, а денес е 56 000 односно, што значи дека за 8000  студенти сме отвориле 95 нови факултети. Буџетот во образованието  за десет години се зголемил за 120 проценти  и овде станува збор за лошо менаџирање во овој дел, рече Реџепи, порачувајќи дека новиот закон за работни односи треба да одговори на новите економси околности, вели Гадаф Реџепи, универзитетски професор.  .

Вицепремиерот Анѓушев се согласува со експертската јавност. Иако невработеноста паднала под 20% - смета дека треба да се стави поголем акцент на стручното образование. Уверува дека Владата прави напори да го реши проблемот.

-Да престанеме да се залажуваме дека 95 проценти  е здраво за едно опшеттсво а не е  и за нив самите дека треба да одат на универзитет, не е сета среќа во тоа, подобро  е да имате знаење и струка и со неа добро да живеете  и заработувате од вашата 18 или 19 година отколку да завршите универзитет кој нема да биде почитуван и од кој на крај  ќе добиете диплома со која не ќе знаете што да правите ако е несодветна на реалната состојба во државата, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања..

Бизнисмените се децидни дека за успешна економија и поголема конкуренција на фирмите најважна е работната сила.

Анкетата на УСАИД покажала дека од 518 компании - дури половината имаат негативен став за законот за работни односи и тоа најмногу малите фирми. Според нив- иницирање на нов закон, може да биде лек и да го спречи одливот на мозоци.

Научниците пронашле решение – реките ќе се чистат со трепелот од РЕК Битола!

Речиси сите реки се загадени, констатирани и високи концентрации на хром.

Хемискиот елемент шестовалентниот хром е метал кој е многу штетен за здравјето на луѓето тој е токсичен и канцероген и многу често го има во реките.

На технолошко-металуршкиот факултет во лабораторијата за испитување на води тимот на професори и асистенти со начуно достигнување. Според истражувањата во водата каде има токсичен хром се става трепел кој е се наоѓа на површинскиот слој кој се зема од коповите на јаглен од РЕК Битола и целосно го отстранува хромот од водата.

Професорите Лисичков и Кувенџиев велат дека ова е навистина спас за реките да не останат загадени.

Професорот Стефан Кувенџиев покажа како во розевата обена вода каде има хром стави трепел  и по одреден период и прочистување водата стана сосема нормална боја без хром.

Хромот предизвикува сериозни нервни и канцерогни заболувања кај човекот. Во Македонија најмногу реките се загадени од фабриките кои работат со метали и хемикалии.

притисни ентер