МЗШВ: Новите програми за финансиска поддршка се подготвуваа во комуникација со производителите на јаболка

 Промените во мерките во новата Програма за директни плаќања во делот на финансиската поддршка за производство на јаболка се направени по барање на производителите на јаболка, соопшти МЗШВ .

Во врска со денешниот протест на јаболкопроизводителите во местото Макази и апелира овоштарите да не подлегнуваат на манипулации.

-Пред носењето на Уредбата за директни плаќања беа одржани повеќе состаноци со подсекторските работни групи во МЗШВ, во кои членуваат производители на јаболка меѓу кои и дел од организаторите на денешниот протест. Токму укинувањето на субвенцијата за килограм предадено јаболка е направена по барање на дел од овоштарите кои протестираат и според нивните пресметки е вкалкулирана во субвенцијата за одржување на овошни насади со јаболка, наведува Министерството.

Оваа година финансиската поддршка за одржување насади со јаболка се зголемува од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а 20 отсто повисокa финансиска поддршка добиваат овоштарите со развоен потенцијал, поточно за оние овоштари кои имаат од еден до пет хектари поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар. Дополнително сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар.

-Сите политики што се носеа, како и мерките од програмите за финансиска поддршка и рурален развој беа по претходна консултација со претставници од потсекторските групи, во кои членуваат производители на јаболка, меѓу кои и организаторите на денешниот протест. Освен промените во Програмата за директни плаќања за 2019, МЗШВ по низа консултации со овоштарите лани со Програмата за 2018 ја воведе и интервентната субвенција за производителите на индустриско јаболко, со цел да имаат рентабилно производство. Конкретно, производителите на индустриско јаболко кои го предадоа своето производство кај регистрирани откупувачи кои вршат извоз, ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка. Оваа одлука беше донесена со цел да им се помогне на овоштарите поради претрпените загуби во производството од временските непогоди. Досега, со помош на интервентната субвенција откупени се 45.000 тони индустриско јаболка, односно се 30 отсто од вкупното производство, реагира МЗШВ.

Според Министерството, во однос на исплатата на оваа интервентна субвенција, сите потврди кои се поднесени во системот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделство и рурален развој се прифатени. Во моментов преку Платежната агенција се работат детални контроли на сите поднесени потврди, дали биле преку регистрирани преработувачи или регистрирани откупувачи, за да се утврди точно колку земјоделци и со кои количини во зависност од мерката имаат поднесено барања. Сите производители на индустриско јаболко што имаат поднесено потврда за дополнителни директни плаќања за интервентната субвенција од три денари по килограм индустриско јаболка, ќе ги добијат парите.

-Со објавувањето на Програмата за 2019 година и укинување на субвенцијата по килограм, цената на индустриско јаболко се зголеми двојно и сега индустриското јаболко се откупува по два денара за килограм. Со цел да им се помогне на овоштарите од овој регион кои изминативе години беше најпогоден од временските непогоди, токму земјоделците од преспанскиот регион први ги добија парите за обештетување од временските непогоди. Владата кон крајот на април лани исплати 85 милиони денари за обештетување на 2.355 земјоделци во Ресен, информира Министерството.

Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се уште не знае кој ќе му биде тренер. Пред тоа ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ. Србинот истакна дека Хрватот е негова драга личност и нивното пријателство нема да заврши.

-Се уште не знам точно кој ќе биде новиот тренер и дали воопшто ќе има таков. Имам тренери уште од детството, сега се обидувам да се потпрам на моите чувства и самостојно да одлучувам што ми треба, што е позгодно за мене. Ако некој се приклучи на тимот, тоа ќе биде објавено, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ почнаа да соработуваат од 2018 година. Покрај Ѓоковиќ, Иванишевиќ беше тренер на Хрватот Марин Чилиќ, Чехот Томаш Бердих и Канаѓанецот Милан Раониќ.

Од 2018 година, Ѓоковиќ четири пати ги освои Австралија Опен и Вимблдон, како и Ролан Гарос и УС Опен по два пати. /МИА

Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над синот

Американскиот рапер Фифти Сент ќе побара самостојно старателство над синот што го има со Дафне Џој, откако таа е посочна како наводна сексуална работничка во тужбата против музичарот Шон Комбс - „Диди“.

„Со оглед на најновите случувања и вести за вмешаноста на Дафне Џој во тужбата на Диди, Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над неговиот син“, изјави извор близок до двојката за „Ју-ес викли“ (Us Weekly).

Портпаролот на Фифти рече дека нема коментар за овие наводи.

Раперот и Дафне беа во врска во 2011. и 2012 година. Тие се разделија набргу по раѓањето на нивниот син Сајр. По последните наводи, Фифти на својот интернет-простор објави фотографија од себе со пура и не многу пријателски коментар за поранешната девојка.

„Не знаев дека си сексуална работничка. Мала сексуална работничка. 'ЛОЛ'. Овие г**нарии се претворија во филм", напиша музичарот.

Според западните медиуми, во судските документи Дафне Џој е обвинета дека била вмешана како сексуална работничка, заедно со Јанг Мајами и Џејд Рејми, во наводниот синџир за секс-трговија на Диди. За нив, наводно, раперот „се фалел“ дека им плаќал „месечна стипендија“ за нивната сексуална работа./МИА

Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто

Индустриското производство во февруари годинава во однос на истиот месец лани е поголемо за 0,3 отсто. 

Во периодот јануари – февруари 2024 година, пак, споредено со првите два месеца од 2023, растот изнесува 1,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.5 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки, Производство на останата опрема за транспорт, Производство на мебел, Останата производствена индустрија и Поправка и инсталирање на машини и опрема.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.9 %, Капитални производи за 4.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 15.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %

притисни ентер