Поддршка за идните евроатлантски политики на средбата на Заев со Бајден во Минхен

Бајден нагласи дека успехот на Република Северна Македонија е успех и на политиките на САД и на Европската Унија.

 Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден на денешната средба со премиерот Зоран Заев на безбедносната конференција во Минхен упати силни честитки за статусот поканета земја во НАТО и изрази цврста подготвеност да ја поддржи ратификацијата на Протоколот во американскиот Конгрес и да ги охрабри парламентарните претставници на другите земји членки на НАТО да го направат тоа колку што е можно побргу.

-Бајден нагласи дека успехот на Република Северна Македонија е успех и на политиките на САД и на Европската Унија, и дека се радува на денот кога ќе биде заокружена ратификацијата на Протоколот и кога Северна Македонија ќе стане еднаков по важност партнер со другите сојузници во НАТО, соопшти владината прес-служба за средбата на Заев и Бајден, на која премиерот и членовите на владината делегација – министрите  Радмила Шекеринска и Никола Димитров, се  заблагодарија за поддршката што низ целиот процес на успешното решавање на спорот со Република Грција доаѓаше од САД и нивните највисоки претставници.

Заев  му се заблагодари на Бајден за неговите заложби за успешно решавање на спорот со Грција и за поддршката на Договорот од Преспа кој го откочи процесот за нашето членство во НАТО, и им даде сигурност на политиките на земјата за аспирациите за поскорешно членство во ЕУ.

-Двајцата соговорници на средбата ги потврдија и афирмираа и идните перспективи за соработка меѓу САД и Република Северна Македонија во повеќе области со посебен нагласок на прашањата од заедничките безбедносни политики, информира владината прес-служба.

Претседателот на Владата денеска оствари средба и со адмиралот Џејмс Ставридис и амбасадорот Ричард Бурт од консултантската организација „Мек Ларти Асошиејт", кои со честитките за успешните евроатлантски политики на нашата земја, како што стои во соопштението, ја понудија и својата поддршка и искуство во идните меѓународни активности на Владата на Република Северна Македонија. 

Трамп: Отворете фабрика во својата земја, затворете ги оние во Кина

Претседателот на САД Доналд Трамп го засили денеска притисокот врз автомобилската компанија „Џенерал моторс“ (GM), повикувајќи ја повторно да ја отвори својата фабрика во Охајо.

„Затворете една фабрика во Кина или Мексико, каде толку интензивно вложувавте во периодот пред Трамп и донесете ги новите работни места дома“ – напишал Трамп на Твитер во пораката упатена до „Џенерал Моторс“.

Во твитот објавен изминатиот викенд, Трамп напишал дека официјалните лица под итно треба да почнат преговори со синдикатот на Обединетите работници на автоиндустријата (UAW) со цел повторно да се отвори или продаде фабриката на „Џенерал Моторс“ во Лордстаун.

 

Пронајдена 16-годишната девојка од Кисела Вода што вчера се оддалечи од домот

Вечерва од страна на полициски службеници е пронајдена 16-годишната О.П., за која нејзината мајка Б.П. (47) вчера во 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода пријави дека се оддалечила од домот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во текот на вечерта, О.П. ќе биде предадена на нејзиното семејство. /МИА

Авиони на ДЗС го гаснеа пожарот на Скопска Црна Гора, исфрлени 35 тони вода

Пожарот што денеска избувна во реонот на Скопска Црна Гора и зафати ниска мешана шума, наложи дејствување на воздухоплови на Дирекцијата за заштита и спасување. 

Беше дејствувано вкупно седум пати со два авиона, при што беа исфрлени 35 тони вода. Авионите дејствуваа во рамки на можностите до самиот крај на денот, додека дозволуваа условите и беше направено се што е во нивна моќ, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.

Со оглед на фактот, посочуваат од ДЗС, дека никаде во светот не е предвидено да се гасне пожар во ноќни услови, акцијата на нивните воздухоплови траела до зајдисонце.

-Бидејќи, авионите се исклучително скап ресурс и се користат само за непристапни високи предели, апелираме земските служби координирано да дејствуваат на терен, а од воздухопловите да се бара помош само кога има навистина потреба, наведуваат од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување воедно упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови.

-Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали околната нискостеблеста вегетација, стои во соопштението од ДЗС.

Пожарот избувна денеска околу 13 часот на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче. /МИА

притисни ентер