Заев – Харадинај: Потврдена заемната поддршка за европските аспирации на двете земји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и членовите на делегацијата денеска на конференцијата за безбедност во Минхен се сретнаа со претседателот на Владата на Република Косово, Рамуш Харадинај.

-Двајцата премиери изразија големо задоволство од односите меѓу двете земји меѓу кои не постои отворено прашање и изразија подготвеност да настојуваат на зацврстување и на проширување на соработката во многу области, особено во делот на соработката и размената на информации за безбедносни прашања. На средбата косовскиот премиер Харадинај им честиташе на претставниците на делегацијата на Република Северна Македонија за статусот поканета членка во НАТО и изрази надеж дека ратификацијата на Протоколот за пристапување ќе заврши многу брзо со што нашата земја ќе се стекне со полноправно членство во Алијансата. Оваа нова реалност на Западен Балкан е од особено значење за целиот регион, беше истакнато на средбата и означува момент кој ќе придонесе и мирот и стабилноста како основа за севкупен и економски развој на регионот во целина, информира владината прес-служба.

На разговорот меѓу членовите на делегацијата на Северна Македонија, предводена од премиерот Заев, и делегацијата на Косово, предводена од премиерот Харадинај, потврдена е и натамошната заемна поддршка меѓу двете земји и за европските аспирации како стартешки интерес за граѓаните на двете земји. 

Главниот виновник за падот на австриската влада тужи три лица

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе , кој падна во замката со снимениот разговор на Ибица за наместени тендери, тужи три лица.

Штрахе поднел тужби против виенски адвокат, детектив и против непознато женско лице , кои г намамиле во видео замката на Ибица поради што падна австриската влада на чело со канцеларот Себастијан Курц.

Идентитетот на жената , која на снимката се претставува како внука на руски милијардер и на која Штрахе и ветува предност на државните тендери вредни 250 милиони евра , не е познат.

Тужениот виенски адвокат ја договорил средбата на Ибица , додека австрискиот детектив се претставил како соработник на лажната внука. Видеото е снимено на Ибица во 2017 пред да дојде партијата на Штрахе на власт како дел од коалициската влада на Австрија , а видеото е објавено пред неколку дена , во време на предизборната кампања за европските избори.

По избивање на скандалот , во понеделникот Штрахе и петмина министри од неговата  партија ја напуштија владата , а Курц најави предвремени избори во септември.

Филипче и Храповиќ потпишаа Меморандум за разбирање, се зајакнува соработката со Црна Гора во областа на здравството

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Подгорица во рамки на официјалната посета и заедничка седница на Владата на Република Северна Македонија и Владата на Црна Гора, се сретна со црногорскиот министер за здравство, Ќенан Храповиќ.

На средбата, соопшти Министерството за здравство, станало збор за продлабочување на соработката меѓу двете министерства во повеќе области, како што се имунизација и воведување на нови вакцини, развој на програми за скрининг и рано откривање на малигни заболувања, развивање на патронажни сервиси и здравствена заштита во рурални подрачја, регионализација на давање здравствени услуги, надминување на предизвиците со кои се соочуваат двете земји како што е одлив на медицински кадар и можности за размена на искуства, знаења и експертиза меѓу двете земји.

На заедничката владина седница министерот Филипче се заблагодарил за досегашната одлична соработка и најавил соработка со Министерство за здравство на Црна Гора во повеќе области, почнувајќи од делот на медицински туризам, односно користење на ресурсите и капацитетите на детската кардиохирургија за пациенти од Црна Гора кои имаат потреба од тоа и користење на центарот за рехабилитација во Игало за македонските државјани.

Со ова, на пациентите ќе им се понуди можност и пристап за користење на најдобрата експертиза и добивање поквалитетна здравствена услуга во овие области.

Министерот Храповиќ ја поздравил претстојната соработка и нагласил дека преку активностите кои ќе се одвиваат меѓу двете земји, како што е размената на кадри, воведување на телемедицина меѓу клиничките центри во Скопје и Подгорица, развојот на медицинскиот туризам и споделувања на искуства, најголем бенефит ќе почуствуваат граѓаните на двете земји.

На крајот од заедничката седница меѓу Владите, министрите Филипче и Храповиќ потпишале Меморандум за разбирање во областа на здравството и медицинските науки при што се согласиле да ја развијат и зајакнат соработката во областа на здравството во следните приоритетни области: реформи во системот на здравствена заштита и во системот на здравствено осигурување, законодавство во областа на здравството, промоција на здравје и превенција на хронични незаразни болести, развој на интегрирани служби за итна медицинска помош, едукација на медицински персонал за размена на практични искуства и знаења, електронски услуги во здравството, директна соработка меѓу медицинските факултети и здравствените установи, како и соработка во други области од заеднички интерес.

Најмалку 19 ученици загинаа додека скокаа од запалена зграда на интернат (Вознемирувачко видео)

Најмалку 19 ученици на возраст од 14 до 17 години загинаа при обид да се спасат од големиот оган во интернатот во индискиот град Сурат, во државата Гуџарат.

Најмалку 19 ученици загинаа додека се обидуваа да скокнат и да се спасат од петкатнииот објект во пламен , додека десетици се повредени. Од полицијата наведуваат дека црниот биланс би можел да се зголеми.

Од владата на Индија најавија финансиска помош за семејствата на настраданите момчиња. Премиерот Нарендра Моди нареди итна истрага за страшната несреќа и вети помош од владата.

Пожарот го гаснат 19 возила , како и локалното население.

притисни ентер