Под изострена лупа-казината, обложувалниците и угостителските објекти

Со измени во неколку закони Власта ќе го стега каишот на обложувалниците, казината и угостителските објекти.

Предлог законот за изменување на законот за игри на среќа е на јавна расправа. Предлагачите се во очекување на денот кога законот ќе се најде пред пратениците.

Со него - казината и обложувалниците ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. - како еден од методите за одвикнување на младите од билтените и коцката.

Постојниот закон не ограничува каде може да се отвораат обложувалници и казина. Тие сега може да се најдат буквално на секој чекот. Во згради, куќи, библиотеки, училишта, градинки....

И премиерот Заев неодамна изјави дека состојбата со нив е алармантна, но ќе се разгледуваат сите опции бидејќи тие места нудат и вработување за неколку илјади граѓани.

Додека се чека предлог измените да се преточат во закон. - Министерот за финансии Тевдовски во интервју за МИА најави и дополнително ограничување за обложувалниците.

Имено со Законот за готовински плаќања кој е во собраниска процедура - обложувалниците и угостителите ќе имаат рок од само 15 минути да сторнираат сметка.

Со ова ограничување власта ќе се бори со сивата економија.

Тевдовски вели дека измените се прават за да се спречат злоупотреби.

Од УЈП за Канал 5 објаснуваат дека постојат ситуации во кои угостители сторнираат сметки кои ги искуцале и пред 20 дена, бидејќи засега тоа не е регулирано. Неодамна алармираа дека на тој начин ќаруваат милиони денари.

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

притисни ентер