Загаден е ,,Покривот на светот” – Кинезите забранија пристап до Монт Еверест

Кина им забрани на туристите пристап до базните логори за искачување на Монт Еверест од страната на Тибет , зашто во тек е расчистување на сметот насобран од бројните , пред се комерцијални експедиции.

Според кинеските медиуми , забраната се однесува на ,,обичните туристи” , додека алпинистите кои ги извадиле потребните дозволи , имаат право да се качуваат на ,,покривот на светот”.

Пристапот ќе биде забранет над манастирот Рангпо на околу 5 000 метри надморска височина . Новиот базен логор ќе биде сместен на околу два километри од досегашниот.

Освен огромните количества смет ,поради стопените масиви , често се наоѓаат и тела на загинати алпинисти.

Освен забраната за туристи во базните логори , Кина ќе воведе и обврска за преземање на загинатите алпинисти од височините над 8 000 метри , како и ограничување на бројот на алпинисти во базните логори до 300 .

Како се крши скап Мерцедес на излез од автоперална? (ВИДЕО)

Секој не може да вози голем и скап автомобил , а тоа го докажа една жена зад воланот на скап Мерцедес.

На социјалните мрежи се појави снимка , која е тешко да се гледа. Една Американка при излегувањето од автопералната требало да сверти налево кон излезот.

Таа не само што не ја забележала големата стрелка , што ја упатувала каде да сврти , туку не го виде ниту бетонскиот ѕид пред неа. Кога излезе од автомобилот и виде што направила, се фати за глава.

Водителот на Евросонг во страстна прегратка со својот сопруг (ФОТО)

Зад сцената на Евросонг во Тел Авив водителот Аси Азар беше снимен како се бакнува со својот партнер Алберт Ескола.

Двајцата се во брак од 2016. и не ја кријат својата љубов,па Алберт на Инстаграм ја објави фотографијата од страстниот бакнеж зад сцената.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Always here, to support you! 😘 You nailed babe 👌🏻 pic by @shovalxxx

A post shared by Albert Escola Benet 😘 (@albertescola) on

,,Секогаш сум тука за да те поддржа. Растури , миличок.”,  напиша Алберт.

Аси , инаку е еден од јавните личности во Израел кој отворено призна дека е хомосексуалец , а неодамна објави и дека својот хонорар од водењето на Евросонг ќе го донира во организацијата Israeli Gay Youth.

Необична сина светлина ги преплаши жителите на град во Австралија (ВИДЕО)

Над австралискиот град Алис Спрингс ноќеска е забележана необична светлост , која ги преплаши жителите.

Полицијата во Алис Спрингс примила повици за помош за појава на невообичаена сина светлина и силен звук. Откако ги прегледале камерите, сфатиле дека станува збор за метеор.

Истата глетка била снимена и на 500 километри подалеку, во местото Тенант Крик.

,, Во Алис Спрингс градот беше осветлен среде ноќ како да еден.” велат граѓаните и досаваат дека целиот феномен траел околу пет секунди , а се слушал и звук како при земјотрес.

притисни ентер