Вук Јеремиќ: Вучиќ е примитивец , полош и од Милошевиќ !

Александар Вучиќ е полош од Милошевиќ . Да има стил каков што имаше Слободан Милошевиќ , би бил многу полош од него, изјави лидерот на српската опозиција Вук Јеремиќ за босанска телевизија.

Поради ваквата изјава на поранешниот шеф на српската дипломатија и претседател на Генералното собрание на Обединетите нации , беше нападнат од медиумите во неговата земја , со зборовите дека Јеремиќ ги загрозува националните интереси.

Тој се осврна и на односите во регионот. ,,Како може да бидат добри односите , кога на власт имате луѓе кои се дирректно одговорни за крвопролевањата од деведесетите? “

Тој објасни дела партијата на Александар Вучиќ , СРС, беше екстремен елемент на Слободан Милошевиќ .

На прашањето дали тогаш смета дека Вучиќ е многу полош од Милошевиќ , Јеремиќ одговори: ,, Милошевиќ ги вршеше работите со минимум стил. Вучиќ нема граници , нема стил. Милошевиќ беше образуван комунистички бирократ , а Вучиќ е уличар без манири, без какви било вредности , морални огради , примитивен. “ , изјави Јеремиќ.

Собраниската седница за пакетот социјални закони продолжува утре

Пратениците во попладневниот дел од работата на 98-та седница на Собранието дискутираа по предлог законите за данокот на додадена вредност и за вработување и осигурување во случај на невработеност, двата во прво читање.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, по завршување на општата расправа по предлог законот за вработување и осигурување во случај на невработеност во прво читање, ја прекина работата на седницата и гласањето го одложи за утре, бидејќи, како што рече, нема кворим поради работењето на повеќе собраниски комисии.

– Овде ја прекинувам работата со оваа седница. Со истата ќе продолжиме утре во 11.00 часот. По завршување на 98. седница, на која треба да се гласа пакетот социјални закони, утре продолжуваме со 93. седница на Собранието на Северна Македонија, изјави Џафери.

Во однос на предлог измените за законот за данокот на додадена вредност, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, рекоа дека ќе ги поддржат сите закони решенија каде има намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти, иако како што рекоа, се работи само за едно намалување и тоа за лековите од ветеринарна медицина.

Според нив воведувањето на рамниот данок дало ефект, додека прогресивното оданочување за жал само го зголемило одливот на кадар од земјата.

По овие предлог законски решенија пратениците ќе се произнесат на утрешното продолжение на седницата. /МИА

Заев од Виена: За нас се зборува како позитивен пример, оптимисти сме за датумот за преговори

Премиерот Зоран Заев, по завршување на Виенскиот економски форум оствари серија средби со претставници на неколку реномирани компании од Република Австрија коишто веќе имаат свои претставништва во земјава, како што се ЕВН и А1 Телеком Груп.

Средбите беа искористени да се посочат досегашните придобивки од соработката, како и идните планови и можности за продлабочување на воспоставениот партнерски однос помеѓу Северна Македонија и компаниите со австриски капитал, коишто работат во земјата.

За придобивките од Виенскиот економски форум за Република Северна Македонија, како и за резултатите од денешните средби, премиерот Заев даде и изјава за дел од македонските медиуми коишто беа во Виена на покана на А1 Телеком Груп.

Во продолжение, Ви го пренесуваме во целост текстот на изјавата на Премиерот Заев.

„Ова е одлична можност по заокружување на важни политички процеси, вклучително и претседателските избори да ги продолжиме економските тенденции и трендови во државата. Ја искористивме можноста, овде во Австрија, како најголем инвеститор во Република Северна Македонија, уште еднаш да се видиме со деловните луѓе, со компаниите, да ги потенцираме сите потенцијали.

Сите зборат за Северна Македонија како позитивен пример, единствена земја во Западен Балкан, кадешто е мирно, нема протести, се движат работите, успешно завршивме избори за да можеме да посветиме на економските вредности коишто за компаниите значат профит, за нас значат Бруто домашен производ, нови работни места, можно растење на нашиот извоз итн, итн.

Знаете дека оваа година ја прогласивме за економска година и од тој аспект сме посветени таму кадешто ги доловуваме сите потенцијали и можности да има макар и идеја за инвестирање во нашата земја, во делот на индустријата и во делот на услугите, веднаш го правиме тоа.

Економскиот Виенски форум е пријател на Северна Македонија. Ја искористивме оваа полуга заедно со А1, односно ВИП како оператор во Македонија, да можеме да ги поканиме сите компании и овде уште еднаш да си ја искористиме можноста да си ја презентираме татковината и сите потенцијали за привлекување на странски инвестиции во нашата земја.

Секако Комесарот Хан беше овде да ги потврди нашите европски вредности и она што е досега постигнато. Јас му благодарам за тоа, поради тоа што не само што помага на нашиот пат на интеграцијата,туку еве беше овде да настапи и независно да каже и пред бизнисмените и деловните луѓе за перформансите на економијата во нашата земја и на резултатите од сите реформи до каде што сме стигнати, за да можат да бидат осигурени потенцијалните инвеститори токму и во тие вредности.

Разговаравме секако на билатералната средба со комесарот Хан за очекувањата ова лето, јуни – јули, за конечната одлука на Европската Унија којашто треба да значи конечно одлука за добивање на датум за преговорите. Тој е оптимист, јас сум оптимист. Секако знаеме дека треба да завршат парламентарните избори за Европскиот Парламент, за да може уште појасно да ги знаеме ставовите на Франција и на Холандија. Канцеларката Меркел е позитивна. Веруваме дека ќе се придвижат процесите онака како што ние очекуваме заради тоа што навистина заслужуваме. Направивме премногу, сите го потврдуваат тоа и конечно заслужуваме позитивен фидбек од Европската Комисија и од Европската Унија преку земјите членки за добивањето на датумот за преговори.

Тоа што се случува во нашата земја е нешто коешто е логичен пресек на двегодишното владеење на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз, кадешто ги видовме слабостите и фала богу имавме избори кадешто граѓаните буквално испратија порака дека некои работи треба да се менуваат, а тоа се слабите карики на извршната власт. Веројатно и во локалните самоуправи има одредени слабости кадешто се под ингеренции на СДСМ и владејачката коалиција. Секако промените ќе се случат. Јас реков тоа ќе се случи на почетокот на јуни, затоашто извештајот го затвора Европската Унија и го објавува на 29 мај. Дотогаш преговараме и со опозицијата. Едниот закон е законот за безбедноста и разузнавачките служби, другиот закон е законот за јавно обвинителство.

Драго ми е, денеска знам дека во Парламентот се придвижуваат работите за Законот за безбедносните и разузнавачките служби, кадешто тоа е усогласено со опозицијата, верификувано со НАТО комисиите коишто работеа со нас и конечно тој проект го заокружуваме.

Овие денови ќе посветам и јас, министерката за правда, моите тимови заедно со високите претставници од ВМРО – ДПМНЕ, ако треба и до лидерска средба ќе дојде, да направиме се што треба и овој закон да го заокружиме.

Тоа е тој квалитативен период којшто од некои десеттина дена – дванаесет го имаме пред нас, до почетокот на јуни буквално. Во јуни месец и тоа првата половина на јуни имам намера да излезам со конкретните решенија за промени и тоа во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе се случат и персонални промени во Социјал – демократскиот сојуз, коишто ќе значат и подобрување на перформансите на најголемата владејачка партија, којшто има директен импакт квалитативен и врз владеењето во државата“.    

Ахмети нуди сите функционери да поминат низ процес на т.н. Ветинг

Партијата на Али Ахмети останува на барањето за ветинг на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност. 

Лидерот на интегративците на средба со ИРИ во Собранието, барал совети за примена на системот за проверка во земјава. Само на тој начин според него ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето на лажните вести. За скандалот со Павле Богоевски пак вели дека не бил во тек.

Во врска со “Операција Метла”, Ахмети вели дека се уште не разговарал на таа тема со Заев, чека да поминат обврските на премиерот за да договорат состанок на таа тема. Заев пак од Виена повторно најави дека промените на дел од функционерите кои потфрлиле во својата работа ќе се случат на почетокот на идниот месец и кажа дека граѓаните испратиле јасна порака дека потребна е промена.

притисни ентер