ВМРО-ДПМНЕ утре ќе решаваат за нивниот претседателски кандидат?

Една недела по распишувањето на претседателските избори, најголемата опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „За честита Македонија“  утре ќе го соопшти кандидатот со кој ќе ја трчаат изборната трка.

Тој ќе се бира на Конвенција на која ќе треба да добие една третина од гласовите на 551 делегат. Помеѓу деветмината внатрепартиски претенденти за прв човек на државата, најголемиот дек од галсовите се очекува да бидат поделени меѓу професорката Гордана Силјановска и пратеникот Владимир Ѓорчев. Доволно квалитети и вредности за прв човек на државата во овие два претенденти гледа и Марко Трошаноски од Институот за демократиија.Но, според него клучно е, кандидатите за претседател да ги поддржуваат евроинтеграциските процеси на државта. Трошановски вели дека останува опасноста да не биде остварен потребниот цензус, а не ја искучува ниту можноста за тивок бојкот на изборите од страна на опозицијата.

Внатрепартиската камапња на Силјановска и Ѓорчев, ден пред конвенцијата е во пол ек. Ѓорчев најавува дека од понеделник заедно со партискиот лидер Мицкоски тргнуваат заеднички да ги поразат СДСМ и Заев. Силјановска на презентациите на нејзинот план и визија низ општиниските комитети на партијата, најавува независни државнички ставови.

Кандидатот со кој ќе ја трчаат претседателската изборна трка владејачката СДСМ ќе го обелодени на 3 март. Оттаму се уште ја држат отворена можноста за консензулаен кадидат со ДУИ и заеднички настап на шестите претседателски избори на 21 април.

притисни ентер