„Дурмо турс“: Нашите возила се исправни, сочувство до семејствата

Додека надлежните ги утврдуваат причините за несреќата, дали станува збор за неисправноста на возилото или пак човечки фактор, авто

Од фирмата изразија сочуство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените. За Канал 5, уверуваат дека нивните возила се исправни, редовно се сервисираат, и ги поседуваат сите потребни лиценци.

Од  Дурмо Турс Гостивар соопштија: 

„Вчерашниот кобен ден е голема трагедија за компанијата, за повредените, за семејствата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочуство на загинатите и семејствата. На повредените им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагичната сообраќајна несреќа.„

Од министерството за транспорт кои ги издаваат потребните лиценци за работа уверуваат дека фирмата досега работела регуларно.

Транспорт на компанијата и одобрила 4 лиценци. Две општински и две меѓународни, а поседува и лиценци за два возни реда .

Една од Гостивар кон Скопје која е со важност до 03.07.2020та и уште една за релација Скопје - Гостивар со важност до 18.02.2023та година.  

ЛИЦЕНЦИ:

Гостивар – Скопје   важност:  03.07.2020        

Скопје – Гостивар   важност:  18.02.2023         

Од понеделник до петок, од Скопје кон Гостивар и обратно, автобусите патуваат  во 9 термини.

„Дурмо турс“ е компанија која поседува 40 возила, а има 36 пријавени возачи кои ги имаат потребните сертификати.

Околу 15 документи „Дурмо турс“ доставила во транспорт за да ја добие потребната лиценца. Но, каква е содржината и целата постапката, до емитување на прилогот од транспорт не добивме одговор.

Во меѓувреме и од министерството за внатрешни велат дека фирмата редовно посетувала технички прегледи.

притисни ентер