Автобус се преврте кај Карпалак – има повредени (ВИДЕО)

Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи во близина на Караплак на автопатот Скопје- Тетово.

Според првичните информации, има и повредени..  На лице место се упатени и протипожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот на Дурмо - турс преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата. Екипа на Канал 5 е на самото место, каде има над 30 возила на Итната помош.

притисни ентер