Бугарската Влада му предложи на Народното Собрание да го ратификува Протоколот за НАТО

Бугарската Влада го одобри Протоколот за НАТО, односно приклучувањето на Република Северна Македонија кон Алијансата, што беше потпишан од земјите членки на 6 февруари во Брисел, пренесе БГНЕС.

Со истата одлука Министерскиот совет на Бугарија му предложи на Народното Собрание да го ратификува Протоколот. Во изминатите неколку дена Протоколот за членството на нашата земја во НАТО го потпишаа Грција и Словенија, а утре тоа треба да го направи и албанскиот Парламент.

Република Северна Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО. /МИА

Германскиот извоз во Иран значајно зголемен од почетокот на годината

Во јануари и февруари извозот на германска стока во Иран е зголемен за 22 отсто во однос на истиот период лани, на 241 милион евра. Увозот, пак, е намален за 13 отсто, на 41,2 милиони евра.

Извозот на Германија во Иран значително се зголеми на почетокот на годината, оздразувајќи го опоравувањето на размената во однос на ниската споредбена основа во 2023 година под влијание на построги санкции кон Техеран, објави денеска германскиот Заводот за статистика (Дестатис).

Во јануари и февруари извозот на германска стока во Иран е зголемен за 22 отсто во однос на истиот период лани, на 241 милион евра. Увозот, пак, е намален за 13 отсто, на 41,2 милиони евра.

Германија на почетокот на годината извезуваше главно машини и хемиски и фармацевтски производи во Иран. Во увозот доминираа прехранбените производи, главно ф'стаци и текстилните производи, меѓу кои и теписи. Во првите два месеци од годинава, Иран се најде на 64-то место на листата на германски извозни дестинации, зад Колумбија и пред Северна Македонија. Уште поскромниот обем на размена го покажува 91-то место на Иран во рангирањето на добавувачи.

Минатата година германскиот извоз во Иран е намален за 24,2 отсто, а увозот за 18 отсто, наведува Дестатис. Размената пропадна во 2018 година бидејќи САД се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и воведоа нови санкции кон Техеран, потсетува Заводот за статистика. Во јули 2023 година, санкциите беа заострени поради поддршката на Иран за руската инвазија на Украина, додаваат статистичарите.

Какво политичко претставување ќе има во предизборието за двојните избори?

Фер, демократска и позитивна или негативна кампања со оцрнување на спротивниот табор – какво политичко претставување ќе има во предизборието за двојните избори од денеска па се до 6ти мај?

Политичките аналитичари оценуваат дека претстои засилување на реториката меѓу партиите кои паралелно ќе се борат за глас повеќе за парламентарните избори, како и за нивните претседателски кандидати.

Атанасовски и Фаризи сметаат дека поклопувањето на двете кампањи создава конфузија, со оглед на тоа што од самиот почеток фокусот е само на политиките на партиите.

Дел од политичките партии вчера ставија потпис на кодексот за фер избори, додека пак дел од нив одбија да го сторат тоа со став дека изборниот систем не нуди услови за фер изборна трка.

За разлика од досегашната пракса, според информациите од ДИК оваа кампања ќе се издвојува со тоа што и покрај молкот за претседателските избори, на 23 април ќе продолжи кампањата за парламентарните избори.

Силјановска-Давкова со преставка за дискриминација и навреди од Пендаровски

Силјановска-Давкова со преставка за дискриминација и навреди од Пендаровски и лица во неговата кампања.

Од штабот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори Гордана Силјановска-Давкова соопштија дека поднеле нова преставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ националниот демократски институт и хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во преставката, како што се истакнува во соопштението, се констатира дека и покрај потпишаниот кодекс за фер и демократски избори во периодот од 10 до 14 април 2024 година различни лица вклучени во неговата кампања, вклучително и самиот кандидат стево пендаровски, го кршат кодексот и предизвикуваат вознемирување и повреда на личното достоинство на гордана силјановска-давкова, во согласност со член 10 став 1 од законот за спречување и заштита од дискриминација – велат од нејзиниот штаб, и додаваат... „Навредите и говорот на омраза и јавното демонстрирање на мизогинија се користат на митинзи и на други јавни настапи со цел да се влијае врз јавното мислење и да се предизвикаат реакции на исмејување од страна на присутните граѓани во толпата. Сето ова води кон поттикнување и охрабрување дискриминација и сексизам. – стои меѓудругото во соопштението

притисни ентер