Столтенберг ја обвини Русија за развој на нуклеарната програма

Москва продолжува да развива проектили , кои би можеле да носат нуклеарни глави , кршејќи го билатералниот договор со САД , предупреди генералниот секретар на НАТО , Јенс Столтенберг.

САД и НАТО тв рдат дека рускиот систем на крстаречки ракети SSC-8 го крши Договорот за елиминација на проектили од среден и краток дострел од 1987 година.

Вашингтон на почетокот на месецов најави дека се повлекува од договорот , на што Москва одговори истиот ден со иста мерка. Москва има рок од шест месеци за да докаже дека го почитува договорот пред да го раскине.

Столтенберг денеска ја повика Русија да ,,ја искористи последната шанса за да тргне по одговорен пат “ , напомнувајќи дека НАТО ќе мора да се подготви за свет без договорот.

притисни ентер