Заев: Можеме да бидеме Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев во седиштето на СДСМ одговараше на новинарски прашања за промената на името Република Северна Македонија и за обврските од спроведувањето на Преспанскиот договор , како и за одлуката за изборите.  

Вечерва Извршниот одбор ќе дискутира. Направивме анализи и истражувања, разговаравме со меѓународните фактори и Општинските организации, Централниот одбор дебатираше и даде насоки уште пред неколку седмици, јас верувам дека ќе донесеме одлука, и штом ќе ја донесеме одлуката, официјално ќе ја соопштиме преку вас новинарите до граѓаните.

П2: Во која насока се движат размислувањата? 

Мнозинството како што го чувствувам јас, е за одговорноста пред се пред државата.

П3: Дали ќе се оди со консензуален кандидат или со самостоен? 

Дел од оваа дискусија вечерва на Извршниот одбор којашто ќе ја имаме, ќе биде на мој предлог да влеземе во разговор со политичките субјекти во државата, не само коалиционите, туку вонпарламентарните партии, опозиционите партии, барем дел од нив да се обидеме преку заедничка анализа да изнајдеме кандидат којшто чувствуваме дека би бил поддржан од сите граѓани. Кога зборувам сите, зборувам сите етнички заедници, социјални групи и така натаму, се работи за Претседател на државата, тоа е првата функција во државата. Верувам дека имаме шанси да успееме, во најмала рака верувам дека нема ништо да изгубиме ако се обидеме. Може ќе успееме, можеби и  не, но јас верувам дека треба да се обидеме да успееме заради тоа што и концептот едно општество за сите го градиме преку многу алатки и една од алатките е и токму таа како се поставуваме кон луѓето, кон функциите и слично. Јас верувам дека политичките субјекти, пред се одговорноста на коалиционите политички субјекти треба да биде на повисоко ниво, ако го тераме овој концепт навистина да смогнеме сили, да собереме енергија за сите нас, да застанеме зад кандидат за којшто граѓаните впрочем би застанале.

П4: Името на државата и официјално е Република Северна Македонија. Ќе менувате ли вечерва табли, бидејќи имајќи предвид дека на Владата и Собранието се сменети?

 Знаете дека пред неколку недели, односно пред три дена или четири дена после гласањето на Грчкиот Пармалент, ние донесовме условни заклучоци на Владата за да влезат институциите во подготовка, Македонија има нов Устав, Уставот треба да го почитуваме, Законот за ратификација на договорот од Преспа треба да го почитуваме, и на крајот на денот треба да покажеме извршување на нашиот дел од обврските коишто ги имаме земено со Преспанскиот Договор. Јас верувам дека сите институции коишто се подготвени, нема која прва која втора, треба да постапат и штом се подготвени тоа да го прават, знам дека МВР има сериозни обврски, и голем дел се завршени, ќе имаме печати на самите пасоши на излез кон Грција кадешто ќе се номинира дека тоа е исправа во сопственост на Република Северна Македонија, делот на таблите коишто се голем дел под Царина, а голем дел се под МВР, одредени други административни аспекти, сето тоа што сме подготвени веднаш го преземаме како што е пропишано по Договорот. Знаете дека и самиот Договор е флексибилен во делот на промена на одредени документи за да не предизвикуваме дополнителни трошоци кај граѓаните, пример, налепниците што ќе ги ставаме на регистерските таблички, врз делот каде што стои МК ќе биде НМК, односно North Macedonia, истите ќе бидат бесплатни, нема да им се наплаќа на сопствениците на автомобили, за да можеме конечно да го почувствуваме тоа пријатно чувство на преминување на границите со Грција, но секако, тоа ќе важи за сите. Го очекувам министерот Димитров да ги усогласи сите ноти што треба да ги испратиме до сите земји членки на ОН, што ни е обврска од делот на Договорот.  Генерално, да се потврди личната карта на Македонија, а сега на Северна Македонија во ОН, а тоа се дел од обврските што ги имаме од прифаќање на Договорот и стапувањето на сила на уставните измени и верувам дека имаме добро усогласени чекори заедно со грчката страна, но пред се и со нашите институции за соодветно постапување согласно новите законски измени, согласно новите уставни промени.

П5: Ќе ја отворите ли темата за промена на името на партијата и кои се предлозите во таа насока?

Договорот дава флексибилност, дури и на непрофитните, недржавните институции за активности кои што им се надвор од државата, ако се финансирани од буџетот, тогаш се употребува промена на името, или во духот на Северна Македонија. Денеска ќе ја отвориме таа дебата и ќе го искористиме конгресот. Има убави креативни решенија, никаде нема Социјалдемократи од Норвешка, од Шведска или од Словенија или слично. Постојат неколку видови на решенија кои што секако се можност, можеме да бидеме Социјалдемократски сојуз од каде? Од Република Северна Македонија. Можеме да бидеме Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија СДСМ. Можеме да го задржиме името на партијата ако немаме меѓународни активности финансирани од државата. Партијата како и сите политички субјекти доминантно се финансира од буџетот, секако еден дел е од нашата чланарина, од донации како што е пропишано по закон. Можеме да направиме јасно разграничување со книговодствена евиденција за тоа што е надвор од државата, можеме како што кажав да си останеме комплетно Социјалдемократски сојуз на Македонија, тоа е регулирано во Договорот, но јас секако верувам дека ние треба да бидеме пример. Денешната дискусија примарно ќе се води во делот на затворање на едно поглавје како исполнување на стратешки агенди на СДСМ како важен политички субјект во Република Македонија и отворање на новата ера што ја дефинираме пред нас и на тоа прашање гледаме од глобален аспект.

П6: Деновиве е актулено прашањето за вработување на роднини на одредени функционери на вашата партија во државни институции, како ќе објасните дека овие лица се примени затоа што ги исполнувале критериумите, а не затоа што се членови или се блиски на членови на вашата партија?

Бидејќи ова е актуелно прашање што ги засега граѓаните, денеска на работните состаноци во Владата, ја отворивме оваа тема за да направиме конкретна анализа и проверка на оваа работа. Ќе ги видиме сите постапки како се направени. Знаете, во последната година имаме 40.000 вработувања, доминантно во приватниот сектор, но еден значаен дел се и во јавните институции на испразнети места. Ќе ја направиме анализата, ќе ги вивиме постапките, секаде кадешто ќе има привилегии, протекции или какво било влијание, секако ќе побараме повлекување на таквите вработувања, заради тоа што навистина сакаме да испратиме порака дека сите во општеството, па дуи и децата или кој било на некој функционер имаат шанса во оваа држава. Зборуваме за 20 места од 40.000 или еве нека се 25.000 рабтни места во јавни, општински, државни институции или јавни претпријаија, но дури и да сае работи и за две работни места треба тоа да е транспарентно, да се покаже пред граѓаните. Не бегаме од одговорност, ќе ја видиме секој можност, како тоа е направено, дали имало комептитивност, кој биле критериумите, како е завршено и се ќе соопштиме на јавноста и доколку има неправилност, ќе бараме и одговорност за сето тоа.

П7: Како да ја сфатиме изјавата на Манчевски дека членовите на СДСМ 10 години биле дискриминирани, па сега да се вработуваат? Дали треба да чекаме сега СДСМ 10 години да вработуваатза да бидат на исто на ниво со ВМРО-ДПМНЕ.

Не би се сложил, заради тоа што навистина сега има транспарентни постапки. Еве последниот пример со АНтикорупциска комисија, кој го кажувам како добар пример, но има и многу други примери. Јас, како претседател на една од поголемите политички партии, одговорно ви кажувам дека ниту една од партиите, па ниту СДСМ нема таков притисок како што бил порано. За жал, причината е грока, а тоа се миграциите, заминувањето на луѓето. Се вработуваат граѓани кои не се припадници на политички партии, рамноправно од етничките заедници, процентот на застапеност е зголемен насекаде. Но, веројатно имаме и слабости при нашето функционирање и затоа реков ќе побараме одговорност ако некаде тоа вработување е направено на несоодветен, незаконски начин, кадешто секој треба да си ја понесе одговорноста. Не е доволно само да се повлече или раскине договор, ако било прекршено некое законско правило, но тој што го прекршил законот да одговара како што е пропишано. Ќе ги соопштиме сите податоци, дадов насоки да се извлечат анализи од секоја поединчена институција. Потврдувам дека и должиме на јавноста одговори за овие прашања.

Новиот италијански премиер би можел да биде екстремен десничар

Италија се најде среде драматичен политички потрес по оставката на премиерот Џузепе Конте.

Вечерва претседателот Серџо Матарела ја прифати оставката на Конте , што значи и дека официјално падна владата на Италија. ,,Оваа влада завршува тука” , порача денеска пред Сенатот досегашниот премиер Конте. Тој на чело на владата дојде како непартиски човек , компромисно решение на коалициските партнери од Движењето 5 ѕвезди и партијата Лига.

Конте во последдното обраќање во Сенатот се нафрли на лидерот на Лига и министер за внатрешни работи , Матео Салвини , кого го обвини за опортунизам , кој ја предизвикал кризата на владата, што може да предизвика сериозни проблеми во земјата.

,,Тој ги гледа само своите и интересите на својата партија. Да се повикуваат гласачите секоја година на избори е неодговорно.” , рече Конте.

Токму Салвини кој ја испровоцира верижната реакција што доведе до пад на владата кога тој се повлече од коалицијата на 8 август. Иако Салвини, според „Гардијан“, се надевал дека коалицијата и владата веднаш ќе паднат и ќе следат предвремени избори, владата сепак издржа уште 12 дена, но нејзиниот пад сега беше неминовен.

Лига имаше намера да го собори сопствениот премиер со гласање недоверба, но Конте ги претрка со денешната објава за оставка.

Покрај за нелојалност, Конте го обвини неговиот контроверзен министер и за „опседнатост“ со затворање на италијанските пристаништа за мигранти. Најновиот во низата расправии во владејачката коалиција дојде веднаш откако Конте одби да ја потпише забраната на Салвини за пристанување на хуманитарниот брод „Оpen Arms“, натоварен со мигранти спасени во Средоземното Море до пристаништето на италијанскиот остров Лампедуза.

Но, вистинската  причина за распадот на коалицијата меѓу популистите од М5С и националистите од Лига е промената во рамнотежата на моќта. Имено, М5С, со дури 227 пратеници споредено со 124 на Лига, беше победник на парламентарните избори во 2018 година и доминантна партија во коалицијата.

Лидерот на М5С, Луиџи ди Мајо, кој стана вицепремиер и министер за економски развој, остана во сенката на Салвини. Како втор потпретседател и министер за внатрешни работи, тој се здоби со поголема популарност со остар став кон мигрантската криза, особено забраната за пристигнување мигранти од бродовите на невладини организации што ги спасуваа во Средоземното Море и потоа ги транспортираа до италијанскиот брег.

Со агресивна самопромоција и пренесување на незаборавни политички пораки на социјалните мрежи и политички митинзи низ целата земја, Лига на Салвини експлодираше според популарноста на анкетите .

Салвини им се претставува на Италијанците како човек од народот, ветувајќи им заштита на нивниот италијански идентитет, запирање на масовната имиграција, но во исто време запирање на демографскиот пад на Италија, предизвикан, како од преселбите на други места во Европа, така и од ниската стапка на наталитет . Ова, во комбинација со континуираните вербални напади кон левицата, мигрантите, Ромите, муслиманите, како и папата Франциск околу неговите повици за помош на мигрантите, се покажа како рецепт за успех.

Дека Лига и М5С практично го заменија односот на гласови што ги добиваат, дефинитивно беше потврдено на изборите за Европскиот парламент во мај. Лига доби дури 34% од гласовите, а М5С само 17%, зад поранешниот премиер на централнолевичарската Демократска партија, Матео Ренци, кој доби 23%.

Покрај тоа, од тогаш Лига само продолжи да расте и во моментов има околу 38% на анкетите, додека М5С продолжува да опаѓа. Значи, не е изненадувачки што Салвини реши да не чека уште три години, туку да се ослободи од своите владини партнери, исто како што раскина без премногу двоумење со коалицијата Форца Италија на поранешниот премиер и основач на современиот италијански популизам Силвио Берлускони.

Доколку се исполнат прогнозите , Италија би станала прва земја во Европа со ултрадесничарски премиер и влада во поновата историја. 

Екстремни нивоа на микропластика на северот на Атлантскиот Океан (ВИДЕО)

Во Атлантскиот Океан има море без брег , Саргаското Море , кое е дефинирано со океанските струи , а сега е тема за загриженост во научниот свет.

Во самото Саргаско Море нема морски струи и затоа водата во него е мирна и до сега речиси кристално чиста со проѕирност до 60 метри.

Но , еколозите во ова море најдоа огромна пловечка дамка од отпад , што го донеле морските струи од земјиоте покрај Атлантскиот Океан.

Во оваа огромна пловечка депонија се крие и екстремно големо количество на микропластика, пто завршува во шкргите на во стомаците на морските животни.  

Од Гринпис најдоа големи колечества пластично ѓубре во ова море , како шишиња , кеси и рибарски мрежи. Кога еколозите се нурнаа во водата , околу нив почнаа да светкаат мали парчиња пластика , што го уништува живиот свет. Иако испитувањата се во тек , наведуваат дека во еден примерок вода се најдени 1 300 фрагменти на микропластика , што е повеќе и од количеството во страшната депонија на Пацификот.

„На подрачјето каде се наоѓаат алгите Саргасум и каде што зедовме најголем дел од примероците, забележавме многу парчиња пластика испреплетени во алгите“, рече морскиот биолог Селија Оједа, укажувајќи на мали парчиња кои лебдат на површината на секој примерок.

„Бојата на морето е убава, сина. Но, кога ги анализирате примероците, вие сте шокирани од количината на регистрирана микропластика“, додаде таа.

Најмалку 13 туристи загинаа во автобуска несреќа во Лаос (ВИДЕО)

Најмалку 13 кинески туристи загинаа во сообраќајна несреќа , кога патнички автобус слета од патот во Лаос.

Во несреќата се повредени уште 31 лице , соопшти кинеската амбасада од главниот град на Лаос , Виентијан.Во моментот на несреќата во автобусот имало 44 кинески туристи , како и возач и водич , државјани на Лаос. Тие се здобиле со помали повреди.

Несреќата се случила кога автобусот , возејќи на надолнина на тесен пат во близина на историското место Луанг Прабанг , излетал од патот.  

притисни ентер