Британците со критики за примитивизмот на Игуаин (ВИДЕО)

Манчестер Сити традиционално објави видео на клупската платформа од настаните пред победата над Челзи со 6:0.

Во една од многубројните сцени е снимен и напаѓачот на Челзи , Гонзало Игуаин , како плука во тунелот пред излегување на теренот. Британските медиуми го критикуваа ваквото однесување нарекувајќи го ,,примитивно” .

,,Сите беа изненадени .И децата и клупските маскоти.” наведуваат медиумите со заклучок дека фудбалерот си направил непоправлива штета на својот имиџ.

Вардар со неизвесност за иднината го дочекува ПИК Сегед

Вардар одржа прес-конференција по повод четвртфиналниот натпревар со ПИК Сегед в четврток, но многу пообемна тема на средбата беше најавата на Сергеј Самсоненко дека ќе го напушти клубот.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека нивната судбина е неизвесна, но важното е дека сега тие сето тоа го ставаат на страна и се фокусираат на натпреварот со унгарскиот шампион.

Солскјер најави чистка по дебаклот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл денеска против Евертон од кого загуби со 0:4.

Ова беше најголемата победа на Евертон против Манчестер Јунајтед од 1984 година кога изгуби со 5:0. По овој резултат е јасно дека магијата на Оле Гунар Солскјер исчезна, откако Норвежанецот го замени Мурињо на чело на тимот пред крајот на минатата година.

Јунајтед славеше на 10 од првите 11 натпревари со него на клупата. Но , сега Јунајтед пропаѓа и загуби шест од последните осум натпревари.

Солскјер , за да ја смири својата и лутината на навивачите , најави дека од сдледната сезона голем број од фудбалерите на Јунајтед нема да играат во тимот.

Навивачите на ПАОК го запалија Солун (ВИДЕО)

Викендов во Солун владее вистинска фудбалска грозница.

Вчера клубот ПАОК го прослави 93 роденден , а по тој повод навивачите низ целиот град поставија илјадници факели , што буквално го запалија цел Солун.

Роденденската прослава денеска би можела да се претвори во уште поголемо лудило , доколку вечерва ПАОК го освои првенството , и тоа по цели 34 години.

На две кола пред крајот на првенството ПАОК има 8 бода предност пред второпласираниот Олимпијакос, кој има натпревар помалку. Денешната победа над Левадиакос , кој се подготвува за втората лига , ќе значи и освојување на првото место за ПАОК.

Натпреварот почнува во 18 часот. ПАОК бил првак на Грција во 1976 и во 1985 .

притисни ентер