Влада : Влегува во сила преспанскиот договор и конечната спогодба за Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија соопшти за влегување во сила на конечната спогодба, уставните амандмани и уставниот Закон за спроведување на амандманите.

Известуваме дека од денес, 12 февруари 2019 година, влегува во сила Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави  во Службен весник.

Исто така, известуваме дека се исполнети условите за влегување во сила на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија ги донесе на 11 јануари 2019 година. Истите влегуваат во сила денес, на 12 февруари 2019 година со соодветната објава од страна на Владата во Службен весник.

Со тоа, започнува извршувањето на обврските кои произлегуваат од Конечната Спогодба и Уставните амандмани. Првичните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на горенаведените обврски ќе бидат презентирани во соопштение за јавноста кое ќе го објави Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, се наведува во соопштението од Владата.

САД го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО (ВИДЕО)

Сенатот на САД вечерва со 91 глас за и 2 против ,го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Претседателот Стево Пендаровски им се заблагодари на САД и напиша дека стратешкото партнерство продолжува.

-Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WEARENATO, напиша Пендаровски.

Уште четири земји остануваат да го ратификуваат Протоколот за земајва  и официјално да стане членка на НАТО.

Тодор Петров и Мухамед Халили во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Тодор Петров и Мухамед Халили.

Тезата дека со недобивањето на датумот за преговори може да се дестабилизира Балканот не држи вели потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак, верува дека постојат сили кои може да предизвикаат контролирана нестабилност за да покажат дека одлуката на Европската Унија е погрешна

- После сите случувања во Македонија недовербата на јавноста во политичарите е голема. Гласачите веќе нема да им веруваат ништо во пресрет на предвремените избори, оцени потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак смета дека политичарите ќе манипулираат со јавноста дека Европската Унија стои позади актуелната Влада за да заврши процесот на евроинтеграции

- Ние се залажуваме ако мислиме дека земјата само треба да ги исполни реформите затоа што почетокот на преговори со ЕУ е и политичка одлука, рече потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак, не ја разбира еуфоријата во јавноста дека недобивањето на датум за преговори е прашање да се биде или не  

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Брнс: Ратификацијата е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината

Американската амбасадорка Кејт Брнс ја поздрави ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на Сенатот на САД, оценувајќи ја како резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината.

– Многу задоволна поради огромната поддршка на Сенатот во ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на САД. Тоа е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината. Со нетрпение очекувам продолжување на развојот и зајакнување на партнерството меѓу нашите две земји, порача на Твитер американската амбасадорка Брнс.

Сенатот на Соединетите американски држави денеска со 91 глас „за" и два „не" го изгласа  пристапниот протокол за влез на Северна Македонија во НАТО.

притисни ентер