СДСМ вечерва ќе одлучува дали ќе има и предвремени парламентарни избори

За два часа треба да почне Извршниот одбор на СДСМ на кој ќе се одлучува дали партијата ќе ја прифати фрлената ракавица од опозицијата за предвремени парламентарни избори. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Православните верници го слават Богојавление-Водици без положување на светиот крст

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век.

На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Годинава за првпат, поради пандемијата со Ковид-19, ќе биде прекината вековната традиција на положување на крстот во светите води. Наместо тоа, овој голем христијански празник, според најавите, ќе биде одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера апелираше до граѓаните и до верските заедници да ги почитуваат мерките и препораките. Полицијата, како што рече, ќе биде на висина на задачата, а оној кој нема да ги почитува препораките, ќе сноси одговорност.

На овој ден во реките се положува светиот крст, а оној кој ќе го фати, се верува дека ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

До минатата година, празникот се одбележуваше во сите епархии во земјава, а централната манифестација се одржуваше во Скопје каде поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан го положуваше светиот крст во водите на реката Вардар.

Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. /МИА

Сончево и ветровито, утринските температури под нула

Сончево и студено време ќе преовладува денеска во земјава. Во северните делови ќе има мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.

Утринските температури ќе бидат ниски и под нулата. Ќе се двиати од минус 14 до минус 4, а дневните од минус 4 до 8 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до минус 6 и дневна до 3 степени.

До среда наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време проследено со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува. Од среда ќе почне да дува јужен ветер, а од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст. Во четврток преку ден во западните делови на планините ќе има услови за снег, а на пониските места понекаде ќе врне снег кој ќе преминува во дожд. Во петок во западните делови, а во сабота насекаде, ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе почне побрзо да се топи снегот.

Водици во Охрид без масовно скокање по крстот

Охриѓани се емотивни врзани за празникот Богојавление –Водици и чинот на осветувањето на езерските води и фрлањето на крстот.

Традицијата е од дамнини, не се знае точно од кога, но последните три децении по осамостојувањето тоа беше без исклучок најмасовната верска манифестација во земјата.

За Водици во Охрид знаело да има и до 800 капачи кои во речиси смрзнувачки води скокале по крстот, проследени и од неколку десеттици илјади верници од сите краишта на земјата, соседството, но и туристи од целиот свет.

Оваа година за прв пат по триесет години фрлање на крстот во езерото нема да има. Околностите наметнати од епидемијата на Ковид-19 ги натераа црквата и цивилните власти да ја откажат манифестацијата, односно таа да се спроведува во строго контролирани околности и без помасовно присуство.

И од Дебарско-кичевската епархија и од Општина Охрид со повици до верниците да се воздржат од масовни групирања.

Оваа година празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан духовно во црквите со утрински богослужби и осветување вода. Потоа свештеник од Варош таа света вода ќе ја истури во езерото, со што тоа симболично ќе биде осветено.

Од Општина Охрид која го украси централното градско подрачје со верски знамиња, повик до граѓаните при посетата на храмовите задолжително да ги почитуваат препораките за заштита, да носат маски и да одржуваат дистанца.

„Да бидеме одговорни и да го прославиме овој празник во кругот на најблиските", стои во апелот од Локалната самоуправа.

Веројатно и покрај апелите на надлежните, ќе има верници кои ќе влезат во студените езерски води да се искапат за здравје, но тоа нема да биде масовно како изминатите години.

Она што сепак ќе биде како изминатите години, тоа е традиционалната крводарителска акција „Водици 2021". Во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев" од 9 до 15 часот охриѓани и гостите во градот ќе можат да демонстрараат хуманост и да даруваат крв.

Целосно се откажува и прославувањето на Денот на рибарите по повод празникот Соборот на Свети Јовен Крстител, кога со капењето на рибарите во Охридското Езеро се одбележуваше дамнешната традиција на завршувањето на забраната за риболов во езерото после зимскиот мрест на пастрмката./МИА

притисни ентер