Џеј Ло објави фотографија од својата спална соба заедно со вереникот

Пејачката и актерка Џенифер Лопез е заљубена како никогаш претходно и секојдневно на социјалните мрежи објавува фотографии со вереникот , бејзбол играчот Алекс Родригез.

Нејзиниот партнер и беше поддршка и на доделувањето на наградите Греми , каде Џеј Ло привлече големо внимание. По завршувањето на вечрта , Џенифер на Инстаграм сподекли фотографија од нејзината спална соба .

Станува збор за селфи со Алекс како седат на креветот , а во прв план се нејзините беспрекорни долги нозе. Во фустан со длабоко деколте таа позира покрај Алекс ,  а фотографијата набргу стана хит.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

at the end of the night, it’s just us...🖤 #Grammys2019 #ANighttoRemember @arod

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

,,На крајот на денот , само ние двајца” , напиша Џеј Ло на фотографијата.

Бритни Спирс излезе од психијатриско лекување и не изгледа добро (ФОТО)

Фотографиите на Бритни Спирс како излегува од психијатриско лекување ги шокираа нејзините фанови.

Бритни на почетокот на месецов заврши на клиниката за психолошка помош , откако на татко и со кого била многу блиска , му се искомплицирала и така тешката здравствена состојба. На крајот на 3 нееделниот престој , Бритни излезе од клиниката за Велигден , а денот го помина со нејзиното момче Сем Асгари.

Бритни по своја волја отиде во клиниката зашто не можеше да издржи кога дозна дека татко и Џејми Спирс е во тешка состојба. Токму татко и пред 12 години ја спасил од нервен удар и и помогнал да се врати на сцената. Таа со месеци пие посебен коктел од лекарства , а сега докторите прават приспособување на нејзиниот организам кон нова комбинација на лекови .

Бидејќи имало опасност од самоубиство кај пациентот , докторите морале да јамемнуваат терапијата постепено , пишуваат медиумите.

Бритни е ,,уловена” од папараците како со момчето излегува од хотел на Беверли Хилс , а истиот ден се вратила назад на клиниката.

Се запали уште една Тесла (ВИДЕО)

Безбедносните камери снимија како автомобил Тесла се запали во јавна гаража , без никакво надворешно влијание.

За само неколку секунди најпродаваниот електричен автомобил на светот, исчезна во пожарот. Видеото од јавната гараѓа во Шангај покажува дека немало надворешно влијание за да избувне пожарот.

Тим од компанијата Тесла е испратен во гаражата за да испита што точно го предизвикало пожарот , но од таму соопштуваат дека нема повредени и дека и натаму испитуваат.

,,Веднаш кога слушнавме за инцидентот во Шангај , веднаш испративме тим на местото на настанот. Активно соработуваме со релевантни оддели за разјаснување на целата состојба .” , објавија од Тесла на кинеската социјална мрежа Веибо.

Синот на Бекам плаче во кавга со девојката (ФОТО)

Синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и на модната дизајнерка и поранешна Спајс девојка, Викторија , Бруклин Бекам е снимен како плаче.

Бруклин Бекам и неговата девојка Хана Крос се снимени како се караат во автомобил.  Папараците ги фатија како се караат, мислејќи дека никој не ги гледа.

По снимките на кои се гледа кавгата и Бруклин како плаче , медиумите веќе шпекулираат дека тоа значело крај на врската.

Потоа и двајцата излегуваат расплакани од автомобилот , паркиран пред ресторан во Лос Анџелес. Овие фотографии се појавија еден ден по фотографиите на кои се гледа како се караат на улица во Беверли Хилс.

Минатиот викенд беа на фестивалот Коачела , каде се смееја и изгледаше како се да е во ред со врската. 21- годишната манекенка наводно му замерила на Бруклин дека премниогу пие и тоагаш е непрепознатлив.

Во декември минатата година врската и официјално ја потврди Викторија Бекам , која наводно ја прифати Хана и била многу блиска со неа.

притисни ентер