Новото име Р. Северна Македонија ќе почне да се употребува по објавата во Службен весник

Таблите со новото име на државата, кои треба да се постават на институциите и граничните премени се веќе изработени.

Кога ќе бидат ставени зависи од тоа кога „Службениот весник“ да ги објави уставните измени. Граничниот премин „Богородица“ кон Грција ќе биде првиот каде што ќе биде поставена таблата со новото име Република Северна Македонија.

Таму е Јован Ѓоргоски. Предуслов да се постават таблите е вербалната нота од Грција, по која Преспанскиот договор и официјално ќе стапи на сила.

Иако беше најавено за вчера, нотата се уште ја нема, дали знаеш на што се должи ова неочекувано одложување?

притисни ентер