Шерон Стоун на 61 година во проѕирен фустан (ФОТО)

На 61 годишна возраст , холивудската актерка Шерон Стоун покажа дека се уште не се срами од своето тело.

На хуманитарниот настан организиран од рокерот Стивен Тајлер од групата Аеросмит , Шерон се појави во долг црн фустан целиот со дупчиња , под кој се гледа црниот долен комплет.

Иако фустанот беше долг , актерката успеа да ги покажер своите долги нозе и деколтето.

Инаку , на забавата биле собрани 2,8 милиони долари за фондацијата на Тајлер , кој им помага на жените – жртви на сексуално насилство.

Освен Шерон Стоун , на забавата се појавија и други холивудски легенди како Леонардо Ди Каприо, Алис Купер , Кејтлин Џенер , Џејн Линч и други.

Две и пол годишниот Роман е најмладиот готвач на светот – знае да украси и Велигденски јајца (ВИДЕО)

На само 2,5 години Роман Белвил од американската држава Индијана знае да направи и колачи и пица, меша смути , а украсува и велигденски јајца.

Кулинарските авантури на малиот Роман на Јутјуб редовно ги објавува неговата мајка Ајла. Прв пат таа објави снимка од малото бебе како готви во август минатата година , а таа снимка имаше милионски број прегледи.

Освен колачи , Роман прави пици , лазањи ,смути , а пред неколку дена објаснуваше и како се вапцаат Велигденски јајца.

Мајка му му помага при печењето , му додава продукти и внимава на него. Ајла велид ека уште од многу ал сакал да го држи додека таа готви .Му набавила висока столица и од тогаш е со неа во кујната.

,,Јас сум пристрасна , но миослам дека Роман е најслаткото бебе на  светот. Му дозволувам да работи што сака , да лиже лажички , па се до ставање цела кеса со шарени трошки во колачот.” вели мајката на Роман.

На Јутјуб каналот малиот Роман има над 118 000 претплатници.

Насилник , кој тепал жена , настрадал од ,,Велигденски зајак” (ВИДЕО)

Во Орландо , Флорида, маж тепал жена среде улица и пред сите минувачи, кога наеднаш на него се нафрли ,,Велигденски зајак”.

Мажот ја претепувал жената пред ноќен клуб во Орландо пред бројни минувачи. Наеднаш на него се нафрли човек мнаскиран како Велигденски зајак. Прво се обиде да ги раЗдвои мажот и жената , но кога тоа не мууспеа , почна силно да го удара мажот.

Минувачите со одобрување навивале за маскираниот , се додека не се појави полицијата.

Видеото од тепачката набргу е објавено на социјалните мрежи , а според американските медиуми , човекот облечен во костум рекол дека не можел да гледа како маж претепува жена пред сите и морал да се вмеша.

Смртна казна за расист кој до смрт измачуваше афроамериканец

Џон Вилијам Кинг  кој изврши најтешко измачување од расистички побуди во САД , ноќеска треба да биде егзекутиран во Тексас.

Расистот беше осуден на смртна казна зашто со синџири го врзал  афроамериканецот Џејмс Бирд Џуниор за својот камионет и го влечел речиси пет километри низ шумата во околината на местото Џеспер во Тексас. Овој страшен чин на измачување се случил на 7 јуни 1998 година и стана еден од најбруталните расистички злосторства во поновата исрторија на САД.

49- годишниот Афроамериканец бил жив првите три килломтери од измачувањето низ шумскиот пат , пред телото буквално да му биде распарчено.

Кинг отворено ги застапува своите расистички ставови , па дури има и тетоважа мна која е прикажан црн човек како виси обесен со јаже на вратот.

Доколку не дојде до помилување во последен момент , ноќеска Кинг треба да биде езгекутиран , со што ќе биде трет затвореник врз кого годинава во Тексас била спроведена смртна казна од вкупно четири случаи во сите САД.

притисни ентер