Демонстрации во Барселона поради судењето на каталонските лидери (ВИДЕО)

Додека во Мадрид се одржува судење на каталонските политичари , низ цела каталонија се одржуваат протести, од кои најмасовен е во Барселона.

,,Нема да дозволиме да се нормализира репресијата . Повторно излегуваме на улиците за да се спротиставиме.” , се наведува во прогласот на Одборот за опдбрана на Републиката.

Утрово во Мадрид почна судењето на 12 поранешни каталонски функционери , кои организираа референдум за отцепуваење на каталонија од Шпанија.

Обвинителството побара казна затвор од 25 години , а се очекува судскиот процес да трае три месеци.  

Загина работник по пад од кран на зградата на ФФМ

Попладнево по пад од кран на зградата на ФФМ во Ново Лисиче , загина 56 годишен работник од Скопје.

Работникот на 56 годишна возраст паднал попшладнево околу 16 часот од зградата на ФФМ , каде бил качен на кран и ги чистел прозорците. Тој починал на самотот место и биле неуспешни обидите на докторите од Брзата помош да го реанимираат.

МВР потврди дека лицето В.П од Скопје паднало и починало на лице место додека извршувало градежни работи на зградата, а надлежен јавен обвинител работи на утврдување на причините за несреќата.

Саудијките добија уште едно право – може да патуваат без дозвола од сопругот

Саудиска Арабија донесе уште една кралска уредба , со која на возрасните жени им се дозволува да патуваат без дозвола од сопругот.

Властите започнаа со укинување на ограничувањата во последните години. Минатата година ја укинаа забраната со која на жените не им беше дозволено да возат . Серија кралски уредби беа донесени во текот на овој месец бидејќи кралството е под зголемена контрола за злоупотреби на човековите права.

Саудискиот пасош може да му се издаде на секој граѓанин кој аплицира за тоа, а на секое лице над 21 година не му е потребна дозвола за патување, се наведува во денешната уредба.

За прв пат, на жените им се гарантира право да пријават раѓање на своето дете, да аплицираат за брак или развод, да бараат официјални документи за семејството или да станат старатели на малолетни лица.

Еден саудиски весник објави дека повеќе од 1000 жени од источната провинција на Саудиска Арабија заминале вчера без дозвола за старателка во она што се чини дека е прва примена на новите правила.

Руси , Кинези и Јужнокореанци се заинтересирани за бугарската нуклеарна централа Белене

Државните енергетски компании од Русија , Кина и Јужна Кореја се меѓу седумте заинтересирани за статусот на стратешки инвеститор во проектот на нуклеарната електрана Белене.

Како што изјави бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова, Софија  инатата година го оживеа проектот Белене за кои на руската компанија Росатом и биле платени 620 милиони евра во 2012 да се окаже од овој проект.

„Многумина беа скептични, сомневајќи се дека некој воопшто би имало заинтересирани за проектот. Писмата со намери ги елиминираа овие сомнежи. Станува збор за светски лидери во нуклеарната енергија“, рече бугарската министерка.

Писма за намери испрати руската Росатом, кинеската CNNC и подружницата на Кореа Електрик Корп, Кореја Хидро и Нуклеарна Електрична Компанија (КХНП), потоа конзорциум во кој учествува чешката компанија Витковице Хеви Машини, двајца бугарски понудувачи и една компанија регистрирана во Германија.

,,Соседната Северна Македонија е заинтересирана за малцински удел и долгорочни договори за набавка на нуклеарна енергија, проценети на 10 милијарди евра", рече министерката Теменушка Петкова.

Бугарската енергетска компанија е исто така заинтересирана за малцинскиот удел, кој исто така сака долгорочен договор за откуп на електрична енергија. Владата планира да задржи удел во проектот што ќе и овозможи да влијае врз клучните деловни решенија, но нема да одобри државни или корпоративни гаранции или да биде подготвена да купи електрична енергија според долгорочните договори за повластени цени.

Имињата на кандидатите од потесниот избор ќе бидат објавени за три месеци, а потоа ќе бидат побарани обврзувачки понуди. Владата нема да ангажира консултанти за процесот на селекција што треба да се одржи во мај 2020 година.

притисни ентер