Мртовечки ковчег на стадион- Навивачите на Алавес со необичен протест (ВИДЕО)

Депортиво Алавес вчера на стадионот Мендироса го победи Леванте со 2: 0 во последното коло на шпанското првенство.

На стадионот , кој собира 20 000 гледачи , се одржа чудна церемонија пред почетокот на мечот. Стадионот беше празен , а навивачите намерно доцнеа за да изразат револт поради преместениот термин на натпреварот во понеделник и топа поради телевизиските права.

Во продолжението на натпреварот дури и демонстративно го напуштија стадионот.

Најинтересен момент на протестот беше кога неколкумина навивачи се прошетаа по трибините со мртовечки ковчег , поради преместениот термин за настап на новниот клуб.

Погба , жртва на расистички напади по промашен пенал (ВИДЕО)

Играчите на Манчестер Јунајтед жестоко реагираа за да го одбранат нивниот соиграч Пол Погба , кој доживеа вистински расистички напад од навивачите.

Вчеравечер Манчестер Јунајтед ремизираше со Волфси (1:1) , а трагичар на средбата беше Пол Погба , кој не погоди пенал во 68. минута. Поради пропуштената победа на Французот , навивачите на Јунајтед му се нафрлија на Погба нарекувајќи го ,,црнчиште” и со други тешки навреди.

Веднаш се огласи и клубот со службено соопштение во кое се наведува дека имнаат нулта толеранција за каков било облик на расизам и дека ќе преземат мерки против оние кои ги навредуваат нивните играчи.

Се огласија и фудбалерите на Манчестер Јунајтед во жестока одбрана на Погба. Тие ги нарекоа ,,патетични тролови” сите оние кои на социјалните мрежи упатиле навредлива порака до нивниот соиграч.

,,Ако нападнавте еден , не нападнавте сите нас. Ние сме големно семејство. “ , се наведува во соопштението на играчите на Јунајтед.

Титули во сингл и дубл за нашата млада тенисерка Јана Стојанова на турнир во Германија

Македонската  тенисерка  14 годишната Јана Стојанова го освои првото место во сингл и дубл на турнирот во Германија  од рангот на „Tennis Europe 14 & Under“  категорија 1 .

Во  големото финале 14 – годишната Јана успеа да ја совлада најдобро рангираната тенисерка во Европа до 14 год. Алиса Барановска од Украина со  2-0 по сетови  6:4;6:0.

Младата Јана Стојанова е голема надеж на македонскиот тенис, таа  уште од најмала возраст забележува одлични резултати на меѓународната сцена, а во Македонија е шампионка во категоријата до 14  и 16 години.

На меѓународните турнири Стојанова која е членка на тенискиот клуб Југ  досега има освоено повеќе  турнири.

Во јуни 2019 година Јана Стојанова беше рангирана на  8-мото место на листата на Tennis Europe до 14 години.

И покрај големиот ангажман на тениските терени, Јана Стојанова  е одлична ученичка во ОУ. Кочо Рацин во Скопје.

Кошаркарската Европа со поддршка за тешко болниот тренер

Еден од најдобрите кошаркарски тренери , Американецот Дејвид Блат го шокираше светот со изјавата дека боледува од мултиплекс склероза.

Блат е тренер на грчки Олимпијакос , а тој на социјалните мрежи објави тажна сторија како ја поднесува тешката болест. Веднаш по објавата , на Блат почнаа да му стигнуваат пораки со поддршка речиси од сите европски кошаркарски клубови.

Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Дарушафака, ЦСКА, Валенсија, Барселона, Басконија, Фенербахче и многу други му порачаа на тренерот Блат да остане силен во неговата борба со болеста .

притисни ентер