Акција за чистење на отпадот во студентскиот дом „Пелагонија"

 Јавното претпријатије „Комунална хигиена" –Скопје почна доброволна акција за чистење на енормната количина на насобран отпад во дворот на студентскиот дом „Пелагонија" во Oпштината Кисела Вода.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена" –Скопје Абдусамед Шабани нагласи дека иако оваа не е нивна обврска, сепак, тие како комунално претпријатије ќе најдат начин како да ги елиминираат сите црни точки што се секојдневие во Градот Скопје.

Воедно директорот Шабани апелира до граѓаните и до медиумите да им се придружат на нивните активности за покревање на свеста кај граѓаните за почисти средини.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов упати апел до сите институции да имаат организирани служби за чистење на просторот.

-Сите општини да се грижат за подобрување на нивото на јавна хигиена и сите граѓани заеднички да помогнеме во оддржувањето на јавната хигиена на Градот. Овие диви депонии, што можевме да ги видиме, ги создаваат луѓе. Отпадот не никнува од земја, туку ние сме тие што сме одговорни за неговот создавање. Токму затоа апелирам до граѓаните на нашиот град и до студентите отпадот да го фрлат таму каде што му е местото, кај корпите и контејнерите. Меѓутоа мора да разбереме дека изборот е наш дали сакаме да живееме во чист или валкан град, изјави Шилегов.

Директорот на Студентскиот дом „Пелагонија" Бујар Муртезани истакна дека во текот на оваа година ќе биде поставен видео надзорен систем што ќе ги идентификува несовесните студенти и согласно со правилникот за куќен ред и статус ќе бидат соодветно санкционирани.

-Несовесните студенти кои ќе се идентификуваат дека фрлаат отпад првиот пат ќе бидат опоменети, вториот пат ќе бидат казнети со парични казни и третиот пат ќе бидат избркани од студентскиот дом. Службите секојдневно си ја вршаат својата работа и го чистат отпадот и дека има повеќе отпад за време на викенди кога службите не работат, рече Муртезани.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, рече дека во соработка со Комунална хигиена и ЈП „Паркови и зеленило" минатата година оствариле акција каде од една депонија направиле парк и дека годинава се очекува да имаат уште две такви акции каде целосно ќе се исчистат две нови депонии.

Сите говорници ја искористија оваа акција и за да упатат апел до студентите и граѓаните за посовесно оддржување на јавната хигиена и зачување на животната средина.

Рускоска: Поради опасност од бегство, бараме притвор за Јанакиески и Ристоски

Во Кривичниот суд во Скопје штотуку заврши распитот на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски кои заедно со Трајко Вељаноски доцна попладнево беа приведени под сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април.

Се очекува судот да се произнесе за барањето на Обвинителството да им се одреди мерка притвор.

Вељаноски претходно замина од судот бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека барањето за притвор е поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и попречување на истрагата. Таа пред медиумите истакна дека Вељановски си заминал од судот бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Повеќе детали Рускоска рече дека ќе бидат соопштение на прес-конференција што ќе се одржи во Обвинителството. /МИА

Одложено одењето во затвор на поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп нема od 6 март да почне да ја служи тригодишната затворска казна.

Судот донесе одлука поранешниот адвокат на Трамп , Мајкл Коен , да почне да ја отслужува затворската казна од 6 мај.

Федералниот судија му одобри на Коен двомесечно одлагање на почетокот на служење на затворската казна , поради хируршки зафат.

Инаку , Коен беше осуден на три години затвор поради лажно сведочење пред Конгресот , како и за исплатата на поранешни сексуални партнерки на Трамп од личната сметка за да молчат за време на кампањата дека биле во врска со идниот претседател.

Кацарска: Во оваа фаза од процесот, Нинџа не може да прави спогодби со судот

Судијката Добрила Кацарска, која е судечки судија во случајот за настаните од 27 април во Собранието вечерва не сакаше да го коментира приведувањето на дел од лицата кои се сомничат дека се организатори на крвавиот четврток.

– Не би можела ништо да коментирам бидејќи тоа е предмет кој го работи Обвинителството, изјави вечерва Кацарска.

Одговарајќи на новинарски прашања, Кацарска рече дека Александар Василевски-Нинџа во оваа фаза од процесот не може да прави спогодби со судот.

– Со судот не може да се спогодува. Се знае кога може обвинетиот да прави спогодба пред суд. Со мене во никој слуај, на крај на завршни зборови сме. Не станува збор да прави било каква спогодба. Дали со обвинителството има било каков договор, не би можела да коментирам, истакна Кацарска. 

притисни ентер