Денес нема да има средба Заев - Ахмети

СДСМ вечерва извршен одбор ќе одлучува дали ќе истрча и на предвремени парламентарни избори.

И покрај тоа што се очекуваше, денес нема да има средба Заев – Ахмети.

Нов бомбашки напад во Шри Ланка

Нова експлозија одекна денеска во реонот на градот Пугода, на околу 40 километри источно од главниот град на Шри Ланка, Коломбо, соопшти локалната полиција.

Се уште нема информации за евентуално загинати или повредени лица.

Полицијата информира дека властите започнале истрага за утврдување на причините за експлозијата.

Денешната експлозија следи по серијата бомбашки напади во неделата, на католички Велигден, врз цркви и хотели, при што загинаа најмалку 359 лица.

Одговорност за нападите презеде џихадистичката група Исламска држава .

„Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение"

Општина Илинден денеска ја организира традиционалната манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение".

-Оваa оригинална и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата ќе се одржи во Домот на култура „Илинден", во населба Илинден. Во чест на двеилјадиидеветнаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2019 велигденски јајца. Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено велигденско јајце, велат од Општината.

Оваа манифестација Општина Илинден ја организира 13-ти пат. Во рамки на манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение" што се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, во изминатите дванаесет години обезбедени се вкупно 33.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден, Општинската библиотека во домот на култура „Марино" и библиотеките во основните училишта./МИА

Акција против аерозагадувањето во Скопје, Кичево и Тетово

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска ќе учествуваат во Акцијата против аерозагадувањето која ќе се одржи во Скопје

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска ќе учествуваат во Акцијата против аерозагадувањето која ќе се одржи во Скопје, а ќе се спроведе и на локации во Тетово и Кичево.

Предвидените активности во Скопје ќе почнат во 10:00 часот, во близина на Воениот стадион, со садење садници од страна на припадници на Армијата, додека во 11:00 часот во акцијата ќе се приклучат заменик министерот Макрадули, министерката Шекеринска и градоначалникот Шилегов.

Акцијата против аерозагадувањето е во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. /МИА

притисни ентер