Министерството за култура ги лоцира грешките со одбиените апликации

Министерството за култура ги лоцира првите грешки со одбиените апликации.

Комисијата за фолклор, музичко-сценска дејност утврдила дека направила пропуст со апликацијата за детскиот фестивал „Златно Славејче“.

Претседателот на комисијата Плеурат Гаши вели дека првично утврдиле дека апликантот немал потврда за простор каде ќе се одржи фестивалот, но со повторената проверка заклучиле дека таков документ бил уредно доставен.

Дека нема целосна документација покажала и новата проверка на апликациите на Скопски џез фестивал, Оффест, фестивалот Пеце Атанасовски и неколку други.

Доколку министерството одлучи да го пролонгира периодот во кој би ги комплетирале документациите, комисијата повторно ќе ги разгледа.

Комисиите за драмска дејност и за визуелни уметности, архитектура и дизајн го завршиле преразгледувањето на одбиените апликации и остануваат на истиот став во однос на распределбата на буџетот за проекти.

ВМРО ДПМНЕ бара оставка од министерот Асаф Адеми.

Пратениците од партијата пак бараат собраниска надзорна расправа за начинот на распределба на пари за проекти.

Резултатите објавени од средствата што ќе се поделат за годинава предизвикаа низа на реакции во јавноста. Имаше низа негодувања околу тоа кои проекти се поддржани, а кои одбиени, дали ги исполнувале критериумите и дали некои проекти се фаворизирани на сметка на други.

Министерот за култура Асаф Адеми тврдеше дека конкурсот бил спроведен транспарентно.

 Во случај на утврдени грешки листата на прифатени проекти ќе биде надополнета.

Локализиран пожарот од страна на Пинтија

Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. 

Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци./МИА

Во сообраќајна несреќа настрадале мајка и ќерка од Пирот

Наместо да стигнат на одмор во Грција тие настрадале во сообраќајна несреќа.

Во сообраќајната несреќа која се случила во петок изутрина во Бугарија, на магистралниот пат кон Грција се случила сообраќајна несреќа во која настрадале мајка и ќерка, додека таткото кој го управувал возилото со тешки повреди е пренесен во болница.

Како што соопштуваат бугарските медиуми, несреќата се случила откако возилото „Фиат Панда“ со пиротски регистарски таблички од непознати причини нагло свртело на другата страна од коловозната лента и направило директен судир со автобус кој се обраќал на релација Благоевград- Сапарева бања.

Семејството од Пирот на кое му се случи оваа несреќа било тргнато на годишен одмор во Грција.

Тројца мртви во инцидент меѓу навивачи во Хондурас

Тројца се убиени во инцидент меѓу навивачи пред фудбалскиот меч помеѓу Мотахуе и Олимпија на Националниот стадион во Хондурас, пишуваат локалните медиуми.

Тие пренесуваат дека навивачи на Олипија го нападнале автобусот во кој се возеле навивачи од противничкиот тим. Се слушало пукање а полицијата користела солзавец за да го сопре инцидентот. Повредени се уште тројца луѓе од скршено стакло.

притисни ентер