Пред владата е подигнато знамето на НАТО

Знамето на НАТО пред владата не е само симболика, туку и нова реалност,изјави премиерот Заев на церемонијата пред владата, на која на јарболот до државното знаме се развеа и знамето на Алијансата.

Знамето на НАТО го предаде шефот на канцеларијата за врски во Скопје а потоа премиерот им го врачи на АРМ по што знамето се крена за време на интонирање на химната на НАТО.

Но на церемонијата на која имаше бројни гости, амбасадори на земјите членки на сојузот, како и неколку поранешни премиери, не присуствуваше врховниот командант, претседателот Иванов.

Од неговиот кабинет тврдат дека поканата стигнала по завршувањето на церемонијата, а од владата дека претседателот  бил поканет преку курирска служба и електронски, но немаат информација зошто не дошол.

На церемонијата го немаше ниту претходниот претседател Бранко Црвенковски.

Ова е нова страница во нашата историја, а најголемата заслуга е на граѓаните кои храбро исчекоривте и ја побаравте иднината што ја заслужуваме“, рече Заев во обраќањето, во кое го користеше новото име

Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении и се вративме на главниот автопат кон Европа, во  периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојување на државата, во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, но и со брзината со која ќе ја стасаме таа цел.

Заев Сепак Потсети Дека Нема Место За Еуфорија,  Туку Многу Напорна Работа, Реформи Вистинска Борба Со Корупцијата

Речиси во истовреме во словенечкиот парламент беше ратификуван пристапниот протокол за членството на северна Македонија во НАТО.

Со што Словенија стана втората земја-членка на алијансата, која по Грција, го ратификува пристапниот протокол.

Во обраќањето пред државниот збор на Република Словенија, претседателот на македонското собрание Талат Цафери изрази надеж дека до крајот на годината протоколот ќе биде усвоен од парламентите на сите 29 земји членки на НАТО, но и дека очекува годинава да добиеме и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

За два дена и албанскиот парламент ќе го ратификува пристапниот протокол на Македонија во НАТО, а на пленарната седница се најавува присуството на Џафери.

Наскоро ратификацијата се очекува да помине и во бугарското собрание.

Акција против аерозагадувањето во Скопје, Кичево и Тетово

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска ќе учествуваат во Акцијата против аерозагадувањето која ќе се одржи во Скопје

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска ќе учествуваат во Акцијата против аерозагадувањето која ќе се одржи во Скопје, а ќе се спроведе и на локации во Тетово и Кичево.

Предвидените активности во Скопје ќе почнат во 10:00 часот, во близина на Воениот стадион, со садење садници од страна на припадници на Армијата, додека во 11:00 часот во акцијата ќе се приклучат заменик министерот Макрадули, министерката Шекеринска и градоначалникот Шилегов.

Акцијата против аерозагадувањето е во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. /МИА

Коловозите суви, на граничните премини нема задржувања

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. 

Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. /МИА

В петок возилата на јавниот превоз по неделен возен ред

По повод претстојните велигденски празници, в петок, 26 април, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

По повод претстојните велигденски празници, в петок, 26 април, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160, 180, што ќе возат по делничен возен ред.

Во сабота 27 април, недела 28 април, и понеделник 29 април, автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП.

Автобусите по неделен возен ред ќе сообраќаат и во среда на 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот.

Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник, 29 април, ќе возат по неделен возен ред.

Жичарницата во вторник, 30 април, нема да работи. /МИА

притисни ентер