Повреден рудар во пробиштипскиот рудник „Булмак"

 Повреден е 56 годишен рудар во рудникот за олово и цинк „Булмак" во Пробиштип. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила рано утринава, а во Полициската станица во Пробиштип е пријавена во 2.55 часот.

– Во Итната медицинска помош во Пробиштип бил донесен рударот Б.Б од село Злетово, пробиштипско, кој се здобил со повреди при работа во рудникот „Булмак" во Пробиштип и истиот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, вели Панајотова.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека повредениот рудар е хоспитализиран на ортопедија и според лекарите се здобил со лесни телесни повреди нагмечување во предлот на карлицата. Во текот на денот увид на местото на настанот треба да извршат јавен обвинител и државен рударски инспектор. 

Во МАНУ предавање на Луис од Оксфорд, за примената на информатички алгоритми

Примената на информатичките алгоритми за да се појасни ефикасноста на длабокото учење, е темата на денешното предавање на професорот Ард Луис од Универзитетот Оксфорд.

Примената на информатичките алгоритми за да се појасни ефикасноста на длабокото учење, е темата на денешното предавање на професорот Ард Луис од Универзитетот Оксфорд, во организација на Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.

Професорот Луис предава теоретска физика на Универзитетот во Оксфорд. Неговата истражувачка група работи интердисциплинарни истражувања, на границата меѓу теоретска физика и хемија, применета математика и биологија.

Заедно со неговата истражувачка група, работат во полето на комплексно однесување што се појавува како резултат на интеракција меѓу различни објекти. Специфични области кои се од интерес вклучуваат биолошки системи како на пример различни проблеми поврзани со ширење на вирус, наноструктура на ДНК, еволуција на генетски мрежи.

Едно од неговите хобиа е молекуларна гастрономија, која е применета наука во уметноста на готвењето. Неговиот Erdos-Bacon број е 6. /МИА

Заев: Имаме докази и одлуки за затворски казни

Единствената калкулација им е да стигнат повторно на власт за да докрадат тоа што не докрадија, а велат дека се сега новодојдени од ВМРО-ДПМНЕ и за да „штанцаат" аболиции и амнестии на бандитите и криминалците.

Но, со Стево Пендаровски ќе има правда, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во центарот на Прилеп.

Тој истакна дека ветува дека колку и да е независен судскиот систем, мора да носи пресуди, да носи одлуки.

– А паднаа одлуки во тешки времиња кога се преговараше во Парламентот за двотретинско мнозинство. Паднаа и паѓаат одлуки. Имаме одлуки на првостепени судови, имаме и правосилни одлуки за кривични дела затворски казни, потврдени од Апелација. И ќе има одлуки, зашто има докази. Ќе види цела Македонија, а и ќе види целиот свет, зашто постојат и материјални и аудио докази. Сите го знаат тоа. И ќе нема застанување, зашто тоа е ставање ред и поредок, владеење на правото, законот да важи еднакво за сите. И ќе важи, нагласи Заев.

Мицкоски во Охрид : Милиметри се во прашање потребен е оној последниот и конечен удар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на Охрид каде што ги поздрави членовите и симпатизерите на партијата.

На состанокот Мицкоски на граѓаните им посочи дека на 21 април граѓаните избраа право и правдина. Граѓаните не ги поддржуваат криминалот, корупцијата и непотизмот.

Милиметри ни требаат, водевме на претседателските избори, и многу блиску сме да имаме градоначалник во Охрид. Милиметри ни фалат. Милиметри се во прашање потребен е оној последниот и конечен удар. Деспотот е на колена и сите него случи се на колена, нагласи Мицкоски пред граѓаните во Охрид.

Мицкоски пред толпа народот потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ само ги победи и тоа со голема разлика, што треба да биде дополнителна мотивација и за вториот круг, да се докаже дека правдината веќе е на портите, а заевизмот си заминува.

Денес во Охрид, одев од куќа на куќа, и разговарав со луѓето и ги замолив да ни дадат поддршка, додаде Мицкоски.

Време е граѓаните со нивниот глас да го поразат Заев, но и неговата копија наречена Стево Пендаровски. Граѓаните да стават крај на заевизмот, и на 5-ти мај да гласаат за право и правдина, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер