Заев: Успеавме од споредниот балкански колосек да се вратиме на главниот автопат кон Европа

На свечена церемонија денеска пред Владата на Република Македонија беше кренато знамето на НАТО.

-Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината,  не само нашата и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја, рече премиерот Заев на церемонијата пред Владата по повод кревањето на знамето на НАТО.

Тој истакна дека денес со сигурност кажуваме дека нашата татковина е на вистински пат кон прогресот и непречен развој.

-Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении и се вративме на главниот автопат кон Европа, рече Заев и додаде дека во периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојување на државата, во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, но и со брзината со која ќе ја стасаме таа цел, рече премиерот.

Заев оцени дека иднината веќе не ни е судбина, туку судбината ја земавме во свои раце и ја одредивме иднината.

Премиерот потеницра дека овие денови ја почнуваме следната комплексна етапа во изградбата на нашата држава според европските стандарди и оти никој веќе нема да не блокира од надвор. /МИА

Рускоска: Поради опасност од бегство, бараме притвор за Јанакиески и Ристоски

Во Кривичниот суд во Скопје штотуку заврши распитот на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски кои заедно со Трајко Вељаноски доцна попладнево беа приведени под сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април.

Се очекува судот да се произнесе за барањето на Обвинителството да им се одреди мерка притвор.

Вељаноски претходно замина од судот бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека барањето за притвор е поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и попречување на истрагата. Таа пред медиумите истакна дека Вељановски си заминал од судот бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Повеќе детали Рускоска рече дека ќе бидат соопштение на прес-конференција што ќе се одржи во Обвинителството. /МИА

Одложено одењето во затвор на поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп нема od 6 март да почне да ја служи тригодишната затворска казна.

Судот донесе одлука поранешниот адвокат на Трамп , Мајкл Коен , да почне да ја отслужува затворската казна од 6 мај.

Федералниот судија му одобри на Коен двомесечно одлагање на почетокот на служење на затворската казна , поради хируршки зафат.

Инаку , Коен беше осуден на три години затвор поради лажно сведочење пред Конгресот , како и за исплатата на поранешни сексуални партнерки на Трамп од личната сметка за да молчат за време на кампањата дека биле во врска со идниот претседател.

Кацарска: Во оваа фаза од процесот, Нинџа не може да прави спогодби со судот

Судијката Добрила Кацарска, која е судечки судија во случајот за настаните од 27 април во Собранието вечерва не сакаше да го коментира приведувањето на дел од лицата кои се сомничат дека се организатори на крвавиот четврток.

– Не би можела ништо да коментирам бидејќи тоа е предмет кој го работи Обвинителството, изјави вечерва Кацарска.

Одговарајќи на новинарски прашања, Кацарска рече дека Александар Василевски-Нинџа во оваа фаза од процесот не може да прави спогодби со судот.

– Со судот не може да се спогодува. Се знае кога може обвинетиот да прави спогодба пред суд. Со мене во никој слуај, на крај на завршни зборови сме. Не станува збор да прави било каква спогодба. Дали со обвинителството има било каков договор, не би можела да коментирам, истакна Кацарска. 

притисни ентер