Знамето на НАТО ќе се подигне на церемонија на платото пред владината зграда

Пред Владата на Република Македонија денеска на свечена церемонија ќе биде подигнато знамето на НАТО, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев.

Од зградата на Владата вчера веќе беше отстранет написот „Влада на Република Македонија" откако грчкиот Парламент го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.

Се испраќањето на Вербалната нота од Атина со која ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО и дека се исполнети сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, се очекува да почне примената на новото име „Република Северна Македонија". Потоа во Службен весник ќе биде објавен датумот на влегување во сила на уставните амандмани и уставниот закон.

Двете држави ќе треба да испратат и заедничко писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш со кое ќе го информираат за датумот на влегување во сила на конечната спогодба, со што ќе се стави  крај на повеќедеценискиот билатерален спор. За промената на името ќе бидат информирани и Секретаријатот на ООН, земјите членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останати меѓународни организации.

Од македонска страна веќе е формирана и Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците. /МИА

Бомбашот што уби стотици во црква во Шри Ланка застана за да погали девојченце (ВИДЕО)

Полицијата на Шри Ланка објави видео од безбедносните камери , на кое се гледа движењето на еден од бомбашите, кои уби стотици верници среде Велигденската миса во неделата наутро.

Експлозијата што ја предизвика бомбашот на снимката е најсмортоносната , зашто тој со експлозивот во ранецот седна меѓу верниците во црквата, за по неколку минути дас е разнесе и себеси и сите околу него.

На снимката се гледа маж во ранец како се движи кон црквата. Додека оди , пред да влезе здогледува девојченце и го погалува. Потоа седнува меѓу верниците и ја активира бомбата.

Во бомбашките напади во неделата во три цркви и хотели загинаа 321 верник , од кои 45 се деца. над 500 се повредени од кои над 400 се во болници и голем број од нив се во критична состојба.

Интервју со Билјана Ивановска, првиот човек на ДКСК

Вечерва во „Само вистина“ гостин беше Билјана Ивановска, првиот човек на ДКСК.

Слабата законска регулатива генерира непотизам – мора да најдеме начин како да го промениме системот за да не се пречекоруваат законите кога се вработува во државните фирми, вели Ивановска.

Со новиот закон како институција имаме повеќе ингеренции, но не е доволно. Ни недостасува повеќе кадар кој ќе биде доброквалификуван и повеќе средства со кои ќе располагаме, вели претседателката на ДКСК.

Не ме плаши позицијата прв човек на Антикорупциска. Се надевам дека ќе се зголеми свеста за системот на вредности и дека чесноста конечно ќе стане во мода,  заклучува Ивановска.

Бузаку: Од утре сум нов поглавар на ИВЗ врз основа на судско решение и внатрешни акти

Скендер Бузаку денеска во изјава за медиуми најави дека од утре тој е новиот поглавар на Исламската верска заедница.

Како што истакна тој ќе раководи со Исламската верска заедница согласно судско решение и сите внатрешни акти.

Информира дека ја известил и финансовата полиција која треба да направи увид на досегашното работење на поглаварот Сулејман Реџепи во Исламската верска заедници.

Како што рече очекува мирно преземање на раководењето со ИВЗ и оцени дека сета постапка досега е направена во демократска атмосфера

притисни ентер